Охридскиот Црвен Крст ќе добие специјално возило за интервенции

Во рамките на своите заложби и активности за надградба на човечките и материјално-технички капацитети, Црвен крст Охрид активно соработува со организацијата на Црвен крст Зеволде, Холандија.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Во рамките на своите заложби и активности за надградба на човечките и материјално-технички капацитети, Црвен крст Охрид активно соработува со организацијата на Црвен крст Зеволде, Холандија.

Како резултат на таа соработка, во периодот од 29 април до 05 мај 2015 година, во работна посета на Црвен крст Охрид ќе претстојуваат тимови на инструктори и тренери по прва помош од Црвен крст Зеволде и Националниот здравствен сервис на Холандија, кои, со тимовите за спасување на вода и спасување на планина и непристапни терени и тимовите за прва помош  на Црвен крст Охрид ќе реализираат заеднички обуки за укажување прва помош. Активностите ќе бидат финализирани на 4.05.2015 (понеделник) со изведување на заедничка, јавна показна вежба на делување при несреќа (според соодветно сценарио) на институциите надлежни да делуваат во такви ситуации-СВР Охрид, Здравствен дом Охрид-Итна медицинска помош, Противпожарната единица, Центар за управување со криззи, Дирекција за заштита и спасување, Локална самоуправа Охрид, Црвен крст Охрид.

бистаСо задоволство Ве информираме дека нашите пријатели од Холандија при посетата во Охрид, за потребите на Црвен крст Охрид ќе донираат специјално возило наменето за интервенции на тимовите за прва помош на Црвен крст Охрид при несреќи и транспорт на повредени, како поддршка на делувањето на Единицата за безбедност на вода и Единицата за спасување на планина и непристапни терени. Со оглед на важноста за целата локална заедница   од подигање на нивото на подготвеност за дејствување во несрќи и грижа за безбедноста на населението во Охрид, посетителите, гости и туристи, Ве покануваме да го проследите официјалното потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу Црвен крст Охрид и Црвен крст Зеволде, Холандија и примопредавање на клучевите од возилото, на 30.04.2015 (четврток), во 11 ч., во просториите на Црвен крст Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top