Ознака: животна

Државниот инспекторат за животна средина поднесе кривична за насипот од градежен шут и земја на брегот во Далјан

Post Views: 3 Државниот инспекторат за животна средина во рамките на инспекциска постапка утврди дека на потегот помеѓу хотел „Далјан“ и Дом за стари лица во изградба, на површина од 964 квадратни метри на брегот од Охридското Eзеро и во самото езеро, фрлен е градежен шут и насипана е земја од ископ на темели од непозната локација.Во координација со Министерството за внатрешни работи, пронајден е сопственикот на земјиштето и против него е покрената кривична пријава. Со цел санирање на крајбрежјето, Инспекторатот поднесе и Информација за влијанието на нелегалното насипување на земја...

Continue reading

akcija otpad

Започна акцијата за собирање отпад од електрична и електронска опрема

Post Views: 1 И годинава општина Охрид преку секторот за урбанизам и заштита на животна средина 22 април денот на планетата земја го одбележува со спроведување на традиционалната акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема. Акцијата која започна денска  ќе се спроведува до сабота на две локации. Едната на полигонот за мали спортови  и другата локација кај  „АКУМА ТРЕЈД“  на патот за Лескоец. „Граѓаните кои имаат ваков отпад, стари компјутери, монитори, процесори, тастатури глувчиња и други мали апарати од домаќинството да ги донесат тука и на тој начин ќе се ослободат...

Continue reading

cinar skrsena granka

Скршената гранка од Чинарот сеуште никој не ја крева

Post Views: 0 Охридскиот чинар – дрвото кое е заштитен споменик на природата се распаѓа пред очите на институциите. И по три месеци скршената гранка која попушти од тежината на снегот кој падна во Охрид на 6 ти декември, никој не ја отстранува. Од локалната самоуправа откриваат дека со амин од министртвото за животна средина се ситнат само делови од гранката. Скршената пак гранката сеуште никој не смее да ја пресече, туку тоа ќе се направи само во присуство на преставници од министерството за животна средина, кои никако да прецизираат кога ќе дојдат во Охрид. Портпаролот на...

Continue reading

cinar Ohrid

И после две недели скршената гранка од Чинарот никој не ја отстранува

Post Views: 5 И после две недели од расцепувањето, дрвото кое е заштитен споменик на природата се распаѓа пред очите на институциите. Чинарот се скрши на 06 декември во четврток и иако од министерството за животна средина тврдеа дека експертски тим уште во понеделникот на 10 декември ќе направи увид, сепак до ден денеска увидот не е направен, а тоа значи дека ни гранката сеште  никој не смее да ја отстранува. Од министерството за животна средина објаснуваат дека  експертскиот тим сеште не дошол во Охрид, затоа што експертите кои треба да направат увид се од научни институции,  професори...

Continue reading

cinar Ohrid

Скршената гранка од Чинарот, сеуште лежи до стеблото

Post Views: 4 Дрвото кое е заштитен споменик на природата се рапаѓа пред очите на институциите. По инциндентот вчера кога поголема гранка се скрши, сеуште никој не ја превзема одговорноста истата да ја отстрани, а дрвото заштити од понатамошно уништување. Градоначалникот Александар Петрески вели дека управата за заштита на животната средина мора посериозно да пристапи кон реставрација на Чинарот затоа што ова дрво е  заштитен споменик на природата.   „Јас пред се мислам дека тоа е поради недоволна грижа и заштита на тие што треба да го штитат чинарот, а секако и ние како охриѓани...

Continue reading

cinar Ohrid

Стариот Чинар утрово се преполови

Post Views: 1 Утрово се скрши една масивна гранка со што 11 века старото дрво буквално се преполови. Охриѓани кои ја видоа тажната глетка резигнирано коментираа, дрвото кое трпело и време и невреме илјада години не не истрпи нас и нашата негрижа. За волја на вистината Чинарот веше во неколку наврати саниран и конзервиран, но очигледно сето тоа не беше доволно за тој да ги поднесе врнежите од снег и дожд кои паднаа деновиве. Надлежните излегоа на терен. Инспекторот Игор Трајкоски од Државниот инспекторат за животна средина и Вера Рауник од одделението за животна средина при локалната...

Continue reading

екологисти

Јасно да се знае каде може да се гради тешка индустрија, бараат екологистите

Post Views: 0 Екологистите од „Грашница“ и Движењето на екологистите од Македонија,  реагираат на Законот за животна средоина. Тие се прашуваат како може фармите и отпадите да се градат  надвор од населените места, а тоа да не важи за индустриските капацитети од тешката индустрија. Јасна Стојаноска, од  ЕД Грашница, вели, бараме дополнување на Законот за животна средина. Да се ограничи  и дефинира растојанието на кое ќe се врши градењето на новите индустриски капацитети во зависност од степенот на индустриското загадување. Фабриката може да го предизвика загадување и треба да се разграничи...

Continue reading

Resen

6 милиони швајцарски франци за заштита на Преспанското езеро

Post Views: 4 Заслужни за оваа финансиска инјекција за Ресен се Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП за нивната континуирана техничка и стручна помош како во изработка, така и во спроведување на овие проекти, и се разбира огромната помош од министерството за животна средина и просторно планирање на Р Македонија.    Денеска во Ресен, претставници на овие овие институции потпишаа два многу значајни документи и тоа Меморандум на соработка помеѓу општина Ресен и донаторот – швајцарската агенција за обнова и развој,  документ кој го потпишаа Швајцарскиот амбасадор во...

Continue reading

drvo

Надвисната гранка опасно демне над паркинг простор

Post Views: 8  Повеќе од два месеци скршена гранка е  надвисната  врз паркинг просторот  во близина на Горица 3. Гранката е сериозна опасност за капачите кои доаѓаат на плажата и ги паркираат возилата без да ја забележат. Оштетените гранки и дрвја ги отстрануваат службите на комуналец, но  само со дозвола од комисијата од одделението за животна средина,  кажува директорот на комуналното претпријатие Сашо Алче. „Проблем се дрвата кои се  наоѓаат на површини кои се во приватна сопственост без разлика дали станува збор за правни или физички лица. Јавното претпријатие нема право да...

Continue reading

Ohridsko ezero

Пријави за загадувачите на езерото

Post Views: 10 Фрчат пријави против  загадувачите на езерото. Со несовесните  загадувачи се справуваат и Општинскиот инспекторат и  Државниот инспектор за животна средина. Државниот инпектор од лани овој период до денес, на охридско струшката ривиера  имал полни раце работа. Напишал 38 записници и  издал осумнаесет решенија со предупредувања за да се елиминираат загадувањата. Државниот инспектор укажува дека и правни лица и поединци се прекршители на законот за животна средина.  Тие  најчесто се огрешиле во законот со истурање боја со која ги бојадисувале чамците и со  прегорено масло...

Continue reading

cinar

Охридскиот Чинар ќе добие нов силикон

Post Views: 0 Од понеделник ќе стартуваат конзерваторските зафати врз Чинарот предводени од скопоскиот конзерватор Љупчо Иљоски. Во меѓувреме, стручниот тим од Министерството за животна средина направил увид за состојбата на чинарот. Директорот на просторниот и информативниот систем при ресорното министерство, Димитри Ролевски, вели дека констатирале сериозни механички оштетувања на обвивката и на шиндрите предизвикани од човечко вандалско однесување. Тоа придонело да се развијат габни форми кои се грда слика за Чинарот. Забележани се и други појави кои се појавиле по првата конзервација....

Continue reading

Balwois konferencija

Недостигот на вода-светски проблем

Post Views: 0 Во Македонија има добар хидролошки режим, но сеедно се дава придонес во насока на справување со климатските промени-вели министерот за животна средина и просторно планирање, Абдулаќим Адеми. Проблемот со климатските промени ги засега сите држави во светот, па оттука и справувањето со нив е задача и обврска на сите. Петтата BALWOIS меѓународна конференција за води, клима и животна средина се занимава токму со овие прашања. Неа ја отвори министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Абдулаќим Адеми кој изрази надеж дека оваа конференција...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top