Ознака: животна

opshtina

Извештај за стратегиска оцена

Post Views: 4 Јавен увид и расправа за извештај за стратегиска оцена. Влијанието на животната средина при изведба на планска документација е незначително, а во однос на социо економскиот аспект, истата за овој реон е позитивна. Оваа проценка доаѓа од извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина, кој денеска беше на јавен увид и расправа, во општина Охрид. Интересот на жителите на Видобишта, за каде се однесува овој извештај, беше минимален. Јасмина Момироска Трајкоска, виш соработник за животна средина при локалната самоуправа во Охрид, рече дека општината се...

Continue reading

Sv Klimentovo ucilishte

Истекува времето за иселување

Post Views: 9 За двајцата службеници, едниот од управата за животна средина од секторот води и од државниот инспекторат за природа за територија на Охрид, се бара нова локација каде што ќе биде сместена нивната канцеларија. Како посакувана местоположба за сместување на нивните работни простории е посочена  атрактивна локација на самиот езерски брег со површина  на просторот од  40 метри квадратни.  Како трајно решение се бара долниот дел од Капетанија. Дали ќе им биде удоволено барањето ќе се знае од утрешната одлука на Владата.  На седница треба да се разгледува и да се донесе конечно...

Continue reading

carshija

Нов трговски, чиста шпекулација?!

Post Views: 4 Не стивнуваат гласините, кои зборуваат дека во старата чаршија треба да никне нов габаритен трговски објект. Од Секторот за урбанизам, децидни. Ниту еден од објетите зацртани во предлог планот не е поголем од П+2. Нацрт планот пак за овој опфат моментално се наоѓа во Скопје во Министерството за животна средина. Деновиве низ градов се позачестени се гласините дека извесен стопанственик ќе гради голем трговски објект во старата чаршија. Имено станува збор за објект кој наводно треба да никне на дел од просторот на планскиот опфат во Нацрт- ДУП кој пак е во границите...

Continue reading

np Galicica

Скап проект за заштита на прекуграничниот регион Преспа

Post Views: 3 Еден и пол милиони евра за заштита прекуграничниот регион Преспа. Станува збор за проект со кој овој регион, ќе прерасне во трилатерален UNESCO биосферен резерват, еден вид рамка за заштитените подрачја и напорите за заштита на овој регионот. Спречување на понатамошната еколошка деградација, како и загадувањето на овој регион беа некои од точките за кои се зборуваше на конференцијата, истакна Министерот на МЖСПП, Неџати Јакупи. Сепак на конференцијата не стана збор за органското загадување на двете езера на кое експертите предупредуваат . Така неодамна Професорот за...

Continue reading

prostoren plan promocija

Промовиран просторниот план на Oхридско-преспанскиот регион

Post Views: 7 Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи денес во Охрид го промовираше Просторниот план за Охридско-преспанскиот регион. Министерот во својот говор пред присутните изјави дека „Солидниот просторен план на Охридско – преспанскиот регион има повеќекратно значење во развојот на Р Македонија. Ова е регион кој игра голема улога во туризмот, меѓународната соработка, а пред се во македонскиот биодиверзитет“. Министерот додаде дека просторниот план претставува еден од најважните стратешки документи на охридско струшкиот регион. „ Министерството за животна...

Continue reading

Dejan Panoski

Позитивна отценка за Македонија во делот за животна средина во извештајот на Европската унија

Post Views: 4 Делот за животна средина многу значаен сегмент за финалната слика која Европската унија ќе ја добие за нашата земја. „Најкомплициран е делот кој се однесува на прекугранично и историско загадување“, вели Дејан Паноски преставник од министертсвото за животна средина. Македонија треба да го подигне нивото на админитстративни капацитети за управување со животна средина без разлика дали е на национално или локално ниво, стои во извештајот на Европската унија, во делот за  животна средина. „Извештајот е реален и отсликува се што моментално влијае на неа.  Во него највпечатливи...

Continue reading

restoran

И Угостителите да изготват Елаборати за заштита на животната средина.

Post Views: 0 Хотелите, рестораните и сендвичарите, покрај индустриските објекти  ќе треба да изготвуваат Елаборати за заштита на животната средина. Ова стои во најновата уредба за дејности кои подлежат на изготвување на Елаборат за оцена на животната средина, а врз основа на Законот за животната средина. Со оваа законска новина не се запознаени голем број угостители иако велат дека ја поздравуваат. Досега, на пример, со прегореното масло од фритезите, угостителите се справувале секој на свој начин. Љупчо Патче вели дека тој подолго време се грижел тоа да не заврши во канализација. „Го...

Continue reading

Todorka Iloska

Тажна животна приказна

Post Views: 6 Уште една во редот тажни животни стории. Самохраната мајка, Тодорка Илоска својот 10 годишен син го расте со 1700 ден. социјална помош. Тодорка Илоска, на возраст од 41год. со својата животна сторија, е уште еден пример за суровата страна на живеењето. „Како дете израснав само со мајка ми, бидејќи моите родители беа разведени, ја започнува таа својата приказна. Изгорена од тоа лошо искуство, најмалку посакував на моето дете да му се повтори истата судбина. Меѓутоа животот и судбината не одат според нашите желби“, вели таа. Текот на нештата допринесоа, таткото на моето...

Continue reading

dokument

Животната сторија на Марјан Котески

Post Views: 1 Агонијата на Марјан Котески трае веќе пет години. Неговата животна приказна го приморала да тропне и на вратите од Премиерот Груевски и до повеќе други министерства. Во нашата редакција со надеж за помош, денеска се обрати Г-динот Марјан Котески- вработен во ПШС Галичица. „Мојата голгота започна на 2ри март 2004год. По пет години малтретирање, деградирање и шиканирање од страна на мојот раководител Илија Дуклески, сега сум половина човек со нарушено психичко и физичко здравје. Последното мое преместување во Ресен дополнително ја влоши мојата состојба, а и односите...

Continue reading

nacionalen park Galicica

Одржан првиот состанок на прекуграничниот Форум за животна средина

Post Views: 7 Се одржа првата средба организирана од страна на прекуграничниот Форум за животна средина. Учествуваа претставници на Јавната установа Национален парк Галичица и нивните колеги од Преспа- Албанија. Присуствуваа и претставници на локалните заедници од населените места во границите на парковите и од невладини организации од Р. Албанија. Целта на средбата е подобрување на комуникацијата и соработката помеѓу двата национални паркови и локалните заедици. При тоа да се интензивира и прекуграничната соработка во однос на заштитата на природата и одржливиот развој. Средбата...

Continue reading

Dejan Panoski

Паноски се враќа во Охрид

Post Views: 9 Дејан Паноски веќе нема да ја извршува функцијата Државен секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање Дејан Паноски веќе нема да ја извршува функцијата Државен секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање. Ова денес официјално беше потврдено на пресс конференцијата на ВМРО ДПМНЕ. Паноски отсега па натаму ќе работи како Државен советник за води со седиште во Охрид, вели пратеникот Владо Стефаноски. Паноски, кој функцијата Државен секретар ја извршуваше повеќе од една година ни потврди дека се враќа во Охрид. Новото работно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top