Ознака: животна

paraglajding

Се вкрстуваат копјата околу новиот ценовник на НП Галичица

Post Views: 6 Се вкрстуваат копјата околу новиот ценовник на Националниот парк Галичица. Реакција стигна и од Министерството за животна средина и просторно планирање на барањето на параглајдеристите да бидат ослободени од плаќање за летање.  Аргументите од ресорното министерство се дека параглејдеристите на туристите им наплаќаат високи цени за летање, а  ништо  не плаќаат за тоа што ги користат убавините на  националниот парк кој се самофинансира. „ Националните паркови се посебни институции. Владата  донесе правилници и подзаконски акти кои се во контекст за управување на НП по...

Continue reading

obuki

Еколошка ознака на туристичките услуги

Post Views: 8 Претставниците на туристичкичко- угосителскиот еснаф од Охрид и пошироко денес се обучуваа како да добијат еколошка ознака на туристичките услуги. Со воведувањето на еколошки означени туристички услуги, во чија основа лежи одржливиот развој на туризмот носителите на еколошката ознака ќе имаат повисок рејтинг, подобар имиџ и ќе се поконкурентни на пазарот- рече заменик- градоначалникот Ангел Јанев. Овие обуки беа во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и Регионалниот центар за животна средина. -Еколошкото означување не е цел само за...

Continue reading

iseceni drva

За сечење дрва, потребна е дозвола од градот

Post Views: 1 Пред станбен комплекс на ул. „Галичица“, деновиве, несовесни граѓани самоволно и непрофесионално искастриле и исекле дрва во дворното место на зградата. Граѓаните кои ги анкетиравме сметаат дека односот на охриѓани кон природата и дрвјата треба да е поодговорен . Тие предложија наместо уништување на дрвјата, доколку на некој му сметаат, да ги повикаат стручните служби и дрвјата да бидат соодветно третирани. „Мое мислење е дека треба малку да се средат. Може малку да се средат да се дотераат, да не се сечат бидејќи еколошки поздраво е знаеме каква е нивната функција...

Continue reading

svr krivicna

Охриѓанец заработи кривична за објект кој бесправно го изградил во колективна зграда

Post Views: 10 Во текот на 2011 година пријавениот, на улица. „Лазо Трповски“  на масандра од колективна зграда бесправно изградил околу 220 метри квадратни простор наменет за продажба. Инаку, пријавениот на 17ти Август 2011 година до Секторот за урбанизам и заштита на животна средина доставил барање за утврдување на правен статус на бесправниот објект, прикривајќи дека отстапувањата во градбата се извршени по 3ти Март2011 година односно по донесување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. {loadposition content9}

Continue reading

ezero

Јапонците ќе му помагаат на Охридското езеро

Post Views: 1 Јапонската Агенција одобри неповратни финансиски средства и експертиза за изработка на Физибилити студија за рехабилитација на колекторскиот систем околу Охридско Езеро на македонска страна. Работата на Студијата започнува во Април /Мај оваа година. Тоа е позитивна вест и огромен чекор за напредок кој произлезе од нашата заедничка работа и од испратената апликација од македонската страна.Јапонската Агенција е подготвена сразмено на своите процедури да оддели средства и за самиот процес на рехабилитација и да учествува во подготовка на поширока Донаторска конференција...

Continue reading

средба

Осломеј можна локација за изградба на регионална депонија

Post Views: 2 Неофицијално, но многу веројатно во Осломеј ќе биде  изградена  регионална депонија. Во  Југоисточниот плански регион, кој опфаќа 9 општини, формирани се стручни служби и избран е претседател на регионалниот одбор за управуавње со отпад. Сите предуслови за користење на средствата од 3-тата компонента на ИПА се исполнети за да се отпочне  реализацијата на овој проект, информира Мирјана Лозаноска, директор на Центарот за развој на југозападниот плански регион. „ Следен чекор е изградба на регионален план за управуавње со отпад и сите натамошни процеси. Во југозападниот...

Continue reading

bb

Бетонска база еколошки проблем за жителите од ул. Кленоец

Post Views: 8 Жителите од месната зедница 15-ти Корпус, од улиците Кленоец, Српница и Веле Марко реагираат на сериозен еколошки проблем кој го загрозува нивното здравје.  Огромни облаци прашина секојдневно се дигаат пред нивните домови. Прашината се таложи на крововите, автомобилите, растенијата. Се жалат дека не можат да отворат прозор нити да исушат алишта.  Но, најмногу од се стравуваат за здравјето, раскажува Блаже Настоски еден од жителите кој се соочува со овој проблем. „Имаме еколошки проблем. Имаме база која е голем загадувач и бараме нејзина дислокација или некое решение....

Continue reading

maslo

Хотелиерите и угостителите за 4 години создале 53 тони отпадно масло-за среќа, адекватно го одлагаат

Post Views: 2 Хотелиерите и угостителските работници од Охрид уредно го одлагаат отпадното масло. Само во изминатите 4 години, на ниво на општина Охрид биле собрани околу 53 тони отпадно масло кое потоа било соодветно складирано од страна на фирма овластена од Министерството за животна средина. Поведени од ваквите бројки, Одделението за урбанизам и заштита на животната средина при локалната самоуправа го изработи пилот проектот за собирање на отпадно масло кое се генерира при подготвување на храна во домаќинствата. За таа цел, тие уште во Декември минатата година поделија 100 кантички...

Continue reading

Државниот инспекторат за животна средина започна истрага за загадувањето и угинувањето на жив свет во Дебарско езеро

Post Views: 9 На 20-ти март до надлежен државен инспектор за животна средина со седиште во Гостивар беше доставена информација од страна на полицијата за излевање на темна супстанца во Дебарско Езеро, која што предизвика угинување на жив свет во езерото. Со цел навремено обезбедување доказен материјал, инспекторот даде насоки на полицијата за правилно земање на мостри од езерото и од соодветни локации долж канализациската мрежа. Мострирањето, односно земањето примероци, беше спроведено во текот на денот. На 22-ри март инспекторот беше на терен со Началникот на одделението за внатрешни...

Continue reading

akcija otpad

И Охриѓани чистеа за „Македонија без отпад 2013“

Post Views: 2 И Охрид дел од големата еколошка акција „Македонија без отпад 2013“. Охридската акција се спроведе на калето, почнувајќи од паркингот пред Горна порта до месноста Лабино, потоа околу Самоиловите тврдини, локалитетот Плаошник па се до црквата Свети Јован Канео. Од рано изутринава екипи од ЈП „Охридски Комуналец“, го собраа сметот на овие неколку локации, а потоа истиот беше подигнат од вработени во претпријатието. Годинешната акција беше поддржана и од општина Охрид. Главен организатор на големата акција е Министерството за животна средина и просторно планирање, од каде...

Continue reading

tapani

Гајдата и тапанот-животна преокупација

Post Views: 8 Цветко Блажески од Белчишта, славна Дебрца е најстариот и најпознат мајстор за изработка на стари традиционални музички инструменти. Првата гајда ја изработил на 20 годишна возраст, а веднаш после тоа и тапанот. Од тогаш па до ден денес, веќе три децении тие му се животна пасија. „Не само што ги изработувам и продавам инструментите, туку и одлично свирам на истите“, започна да ни раскажува чичко Целе. Но тој искрено жали што нема кој да го наследи. Чичко Целе смета дека надлежнте треба да направат нешто, и она малку што е останато од препознатливиот македонски идентитет...

Continue reading

zapusteni privatni imoti

Локалната бара спас за решавање на проблемот со запуштените приватни имоти

Post Views: 3 До редакцијата на ТВМ се нижат реакции на граѓани кои бараат спас од змијарници и запуштени приватни имоти. Охридска бригада, Крум Точков и Дејан Војвода се само дел од локациите во кои лично се увери и екипата на ТВМ. И покрај тоа што граѓаните јавно не сакаат да зборуваат, за како што велат, да не се замерат со комшиите, нивниот проблем е повеќе од очигледен. Тие признаваат дека се плашат да ги пуштат децата да играат на улица затоа што често се случува од тревите да излезат змии. Од локлната признаваат дека вакви забелешки стигнуваат и на нивна адреса. Токму поради...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top