Ознака: животна

Од ЈП Нискоградба негираат дека во езерото испуштиле фекални води

Post Views: 4 Од ЈП Нискоградба негираат дека испуштиле фекални води во езерските води во близина на Капетанија.  Некои граѓани и портали јавуваа за испуштање на фекални води во езерото по вчерашните врнежи. Написите беа поткрепени со видео снимка и фотографии.  Ваквите тврдења ги демантираат од претпријатието, посочуваат дека проблемот настанал по прегорување на пумпата од шахтата каде што се собира атмосферската канализација, информира Ѓоко Довлев од ЈП Нискоградба. „ Ние имаме секундарен колектор ако беше така ќе ја  пуштевме во секундарниот колектор целата фекална вода, а не во...

Continue reading

ekogija

Еко училишта

Post Views: 1 Заштитата на животната средина треба да биде култура на живеење. За ова се залага здружението на граѓани ОХО, кое 11 години работи на имплементација на оваа програма во воспитно образовниот процес на Р Македонија. Годинава во нивните програми се вклучува и Министерството за образование и наука. Деновиве во Охрид се одржува работилница наменета за директори на градинки, основни и средни училишта со цел да  ги презентираат новите состојби на ова поле. Советникот од МОН, Љупчо Спасовски вели дека ваквите напори имаат една заедничка цел, за три години сите училишта на државно...

Continue reading

лебед

Лебедите на Охридското езеро без конкретна законска заштита

Post Views: 1 Лебед  со скршено крило плива во Охридското  езеро. Пред два дена до НВО „Анималија“  пристигнала дојава од граѓани дека е забележан лебед со скршено крило. За повредениот лебед  знаеме  околу два месеци, информира  Димитар Ставрески од  Анималија  Здружение за заштита на животните.  Се обиделе да исконтактираат некои институции за да се вклучат во санирање на повредата, но не можеле да најдат кој е одговорен, објаснува  Ставрески. Слично искуство имале и пред неколку години. И тогаш и овој пат наишле на  оградувања на надлежностите од институциите, појаснува Ставрески....

Continue reading

Дејан паноски

Еко-дипломатијата на дело

Post Views: 0 На 17.12.2014 година во Приштина се одржува Форум за Води организиран од страна на Регионалниот центар за животна средина за Централна и источна Европа (РЕЦ), преку иницијативата за безбедност и животна средина (Environment and Security Initiative – ENVSEC). На форумот Главни теми се ефикасното управување со води посебно во прекуграничен аспект и еко дипломатијата и дипломатијата за води како носител на процесите во регионот на Југоисточна Европа. На темата еко-дипломатија и дипломатија за води панелист ќе биде Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат кој...

Continue reading

akcija

Исклучете ги светилките за спас на нашата планета

Post Views: 8 Македонските граѓани масовно да ја поддржат Глобалната акција „Час за нашата планета“ („Earth hour“) со исклучување на светилките од 20 часот и 30 минути до 21 часот и 30 минути, апелира Министерството за животна средина и просторно планирање. Акцијата е на глобално ниво, односно се спроведува во сите земји во светот, почнува во 20 часот и 30 минути по локално време и ќе трае еден час. Со исклучувањето на светилките се покажува солидарност во борбата против климатските-промени. Покрај домаќинствата, во акцијата можат да се вклучат и останатите потрошувачи на електрична...

Continue reading

elektronksa oprema

Ќе се собира отпад од електрична и електронска опрема

Post Views: 3 Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ и Асоцијацијата „Ајде Македонија“ на 18.10.2014 година ја организираат Националната акција за чистање „Македонија без отпад 2014“. Општина Охрид и ЈП„Охридски Комуналец“ за таа цел на паркингот пред ресторан „Европа“ ќе постават контејнер за собирање на отпад од електрична и електронска опрема. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани и фирми кои имаат стар и неупотребуван отпад од електрична и електронска опрема ( компјутери, принтери, мобилни телефони, полначи, телевизори, фрижидери, пегли и сл. ) истиот...

Continue reading

ohrid prespa

Прекуграничниот Биосферен Резерват Охрид-Преспа дел од семејството на Унеско

Post Views: 1 Прекуграничниот Биосферен Резерват Охрид-Преспа и официјално станa дел од семејството на Унеско. Во Корча, на пригодна свеченост, преставници на Националните Комисии на УНЕСКО, на преставниците на Билатералниот Комитет и Секретаријат кои беа носители на активноста, им го предадоа Сертификатот за прогласување на Прекуграничниот резерват како дел од УНЕСКО.  Со овој  свечен чин  регионот е еден од 14 -те прекугранични бисферни резервати  во светот ставени под заштита на Унеско. Пред присутните се обратија заменик премиерот на Република Албанија и Министрите за животна...

Continue reading

smet ramne

Депониите во Рамне сеуште неподигнати

Post Views: 0 Дивите депонии во Рамне сеуште не се подигнати. И после една недела од апелот и критиките на мештаните, преку нашиот медиум,надлежните си ја префрлаат топката од едни на други. Од ЈП „Охридски Комуналец“ се правдаат дека не добиле налог од НП „Галичица“. Од таму пак кажаа дека не е нивна надлежност да издаваат налози туку состојбата да ја пријавуваат до општинскиот инспекторат.  Од Државниот инспекторат за животна средина велат дека секој во својот делокруг треба да си ја извршува својата работа, затоа постојат овластени инспектори за животна средина, комунална инспекција,...

Continue reading

kanal studencista

Каналот Студенчишта прекриен со маслена дамка

Post Views: 2 Каналот Студенчишта прекриен со маслена дамка. Очевидците кои ги затекнавме таму велат дека таа вчера во попладневните часови била многу поголема, а денес остатоци од масло можеа сеуште да се забележат на десниот кеј од каналот. Радован Димитриески, претседателот на Спортското риболовно друштво Св. „Апостол Петар“ вели дека тоа се должи на несовесното однесување на сопствениците на пловните објекти кои ги гаражираат таму. Димитриески додава дека не е прв пат на ваков начин да се загадува каналот, а инспекциските служби да не излезат на терен. –Досега такво нешто...

Continue reading

bio

Македонија дел од меѓународното семејство кое се бори за заштита на природата

Post Views: 2   Стопирање на понатамошната деградација на природата и зачувување на здрава планета е стратешка цел на 193 земји,  меѓу кои е и Македонија. Биолошката разновидност на различни  начини  придонесува за благосостојба на луѓето. Конвенцијата за биолошка разновидност е меѓународен договор  со кои земјите се обврзуваат дека биолошката разновидност е од заеднички интерес за човештвото. За да се спречи загубата на биолошката разновидност потребно е да се преземат акции за да се спречат причините за уништување. Македонија како дел од меѓунaродното семејство за тоа  добива финансиска...

Continue reading

cinar

За санација на охридскиот чинар надлежна општината

Post Views: 4 Санацијата на охридскиот чинар  е во надлежност на општината, за ТВМ децидно кажа Игор Трајковски, директор на Управата за животна средина  при Министерство  за животна средина и просторно планирање. Во јануари 2013 Министерството и државниот инспекторат за животна средина, тврди Трајковски, доставиле насоки до општинските  стручни служби за  понатамошни чекори за санација и конзервација на чинарот.„ Ние само може во соработка со инспекторатот да им дадеме насоки што треба да преземат околу рестарвацијата. Заштитата е нивна обврска,  на самата општина“, изјави за ТВМ,...

Continue reading

zivotna sredina

Светски Ден на заштита на животната средина

Post Views: 1 Светскиот ден на животната средина се одбележува во Македонија со презентации на тема „Вредностите на биолошката разновидност во Македонија и исполнување на обврските за членство во Европската унија“. Презентацијата ќе се одржи на Попова Шапка, а настанот ќе го отвори специјалниот претставник на Европската унија во Македонија Ерван Фуере. Обраќање, како што е најавено, ќе има и постојаниот координатор на Обединетите нации и претставник на УНДП во Македонија Дирдра Бојд, а на настанот ќе присуствува министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи. По...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top