Ознака: животна

spric

Висока цена за договор

Post Views: 6 Паднаа првите високи глоби за одлагање на медицинскиот отпад. ЈП Комунално од Струга треба да плати глоба од 3000 евра, додека пак Центарот за нефрологија 2000 евра. Според претходно направен увид и утврдување на фактичка состојба од страна на државниот инспектор за животна средина Игор Трајкоски, констатирано е дека на посоченото место, јавната депонија на струшкото комунално претпријатие, има одлагање на медицински отпад. Телевизија ТВМ за овој проблем ја информираше јавноста пред околу 10 тина дена при што побара да се посочи виновникот и истиот да се санкционира....

Continue reading

Goce Delcev

142 години од раѓањето на Гоце Делчев

Post Views: 11 Денес се одбележуваат 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Делегација на македонската Влада денеска, денеска по повод одбележување 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, ќе положи свежо цвеќе во црквата „Св.Спас“ во Скопје, каде се наоѓа вечното почивалиште на македонскиот револуционер. Владината делегација е составена од министерот за здравство Никола Тодоров, министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, министерот за култура, Елизабета Канческа Милевска и министерот за животна средина и просторно планирање...

Continue reading

spric

Депонија за „мерак“

Post Views: 7 Морбидна слика на струшката депонија. Употребени шприцеви со крв, хируршки ракавици, гази, системи со игли од инфузии завршуваат на депонијата на ЈП „Комунално“ Струга, која е оддалечена нецел километар од градот, позади автобуската станица на превозникот „Вакчаре“. „Депонијата наликува на Трст-Вија-Скопје. Тука може буквално да се сретрне се, но најлошо и најопасно е што тука е расфрлан и медицинскиот отпад“. Глетката е уште пострашна и позагрижувачка бидејќи тука живеат неколку семејства со малолетни деца, кои секој ден претураат по ѓубрето барајќи пластична амбалажа....

Continue reading

sum akumulacija

Акумулацијата Шум издадена под концесија

Post Views: 8 Акумулацијата Шум, годинава за прв пат се издава под концесија за риби и организација на рекреативен риболов. Во преставка од МЈП „Проаква“, до државниот инспекторатот за животна средина е укажано дека акумулацијата е пренаменета од страна на други правни и физички лица за други дејности (рибарство, услужни објекти), со што директно е загрозена безбедноста за снабдување на вода за пиење, од аспект на квалитет на вода и техничка функционалност. Со состојбата запознаени од Министерството за животна средина и просторно планирање.Инспекторот за Животна средина и просторно...

Continue reading

logo

Преку клонирање, до вечен живот

Post Views: 13   Како Ви звучи ова: некои од најпаметните луѓе во светот се собираат во Њујорк за да се обидат да разберат како да изградат совршени копии на луѓето. Ова е „генијална“ идеја на рускиот мултимилионер, Дмитри Ицков. Тој е сериозен. Ова ќе биде изведено до 2045. Замислете дигитална копија од вашиот мозок во различна животна форма кое може да живее стотици години и да биде заменета. Дмитри вели дека може да се овозможи функционирање на небиолошко тело во следните седум години. Тој верува дека концептот може да биде докажан како функционален во следните три години. Дмитри...

Continue reading

Птиците преселници се чувари на нашата животна средина

Post Views: 0 Зошто птиците преселници се корисни за природата, и биодиверзитетот. На оваа тема охридските извидници од ИО „Пионер“одржаа 10 работилници во основните училишта, во рамки на реализација на проектот „Птиците и човекот“. Целта на проектот е младите од основните училишта да се запознаат со начинот на живеење на птиците преселници, кои се придобивките од нив, како и тоа на кој начин можат да ги заштитат, како би се намалило нивното уништување кое ги следи години наназад. Николче Костоски од ИО „Пионер“ изнесе дел од причините поради кои страдаат птиците преселници во нашите...

Continue reading

Тешка сообраќајна незгода кај Подмоље

Post Views: 8 Утово некаде околу 7 часот и 35 минути на патниот правец Охрид – Кичево, се случи тешка сообраќајна незгода, во која настрада едно лице, К.К. 58 год, а возачот М.К. е во животна опасност. Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, до сообраќајката дошло кога тешко повредениот М.К. управувајќи го своето патничко моторно возило „Ауди“, со охридски регистарски таблички кое се движело во правец према Охрид, од засега непознати причини, скршнал на спротивната коловозна лента од каде во правец на Кичево, се движел автобус со ученици  на Јахја Кемал. Лицата веднаш биле...

Continue reading

Државен инспектор за животна средина во охридскиот регион сеуште нема

Post Views: 2 Сеуште е празно местото на државниот инспектор за животна средина на охридско – струшкиот регион. Речиси две и пол години на тоа место не е назначена замена и покрај тоа што нашиот регион се води како посебно заштитено подрачје со повеќе природни реткости, вклучувајќи ја тука и заштитата на УНЕСКО. Државниот инспекторат е структуиран да делува регионално, но со законот имаат ингеренции да работат и делуваат на територија на цела Македонија поради нивниот статус, државен инспектор, појаснува државниот инспектор за животна средина од Подрачно одделение пелагониско југозападен...

Continue reading

Државните инспекторати за животна средина да ја подобрат транспарентноста кон јавноста

Post Views: 0 Направена е анализа врз транспаретноста и отчетноста на инспекторатите со надлежности во  животната средина. Центарот за еколошка демократија  Флорозон во соработка со Институтот за комуникациски студии како дел од кампањата „Разбистри сè“ анкетирале 4 инспекторати со надлежности врз животната средина и човековото здравје. Анализата  се однесува на Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Државниот инспекторат за земјоделство и Државниот инспекторат за техничка инспекција. Генералниот заклучок е дека  Државните инспекторати...

Continue reading

ucime za EU

Продолжува мини проектот „Учиме за Европската унија“

Post Views: 5 Денес францускиот амбасадор во Македонија Жан Клод Шлумберже и Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи, во средното училиште Нико Нестор во Струга одржаа час, на кој можеа да ги слушнат размислувањата на средношколците за Европската Унија. Амбасадорот Шлумберже, при својата посета на општинското средно училиште „Ибраим Темо“, пред одржувањето на самиот час истакна дека многу важно е да се разговара за заштитата на животната средина и да се направи споредба на критериумите кои треба да се исполнат доколку Македонија сака да биде дел од европското...

Continue reading

med

Денови на македонскиот мед

Post Views: 3 Започна шестата по ред манифестацијата „Денови на македонскиот мед“. На улица Македонија во Скопје граѓаните од денес па се до Сабота ќе имаат можност да пробаат и да купат секаков вид на мед кој се произведува во нашата земја, но и на други производи од пчеларството. – Владата и понатаму ќе го помага пчеларството. Помошта од 500 денари по пчелно семејство продолжува и понатаму. Ние сме задоволни бидејќи бројот на органски пчелни семејства во 2005 година, изнесуваше 110, а денес бројот на органски пчелни семејства изнесува 14 илјади, изјави Заменик-министерот...

Continue reading

Македонија ја доби новата влада

Post Views: 1 Со 70 гласови за, пратениците го поддржаа владиниот кабинет кој по трет пат го предводи премиерот Никола Груевски. Од присутните 117 пратеници, 47 гласаа против, а немаше воздржани. По свечените изјави, премиерот и министрите заминаа на свечен прием кај претседателот Ѓорѓе Иванов. Новиот владин тим е составен од 15 министри од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Во шест ресори остануваат исти министри – Гордана Јанкулоска за внатрешни работи, Зоран Ставрески за финансии, Елизабета Канческа-Милевска за култура, Миле Јанакиески за транспорт и врски, Иво Ивановски за информатичко...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top