Преку клонирање, до вечен живот

Како Ви звучи ова: некои од најпаметните луѓе во светот се собираат во Њујорк за да се обидат да разберат како да изградат совршени копии на луѓето.

logo
лого

 

Како Ви звучи ова: некои од најпаметните луѓе во светот се собираат во Њујорк за да се обидат да разберат како да изградат совршени копии на луѓето.

Dmitri IckovОва е „генијална“ идеја на рускиот мултимилионер, Дмитри Ицков. Тој е сериозен. Ова ќе биде изведено до 2045. Замислете дигитална копија од вашиот мозок во различна животна форма кое може да живее стотици години и да биде заменета.
Дмитри вели дека може да се овозможи функционирање на небиолошко тело во следните седум години. Тој верува дека концептот може да биде докажан како функционален во следните три години. Дмитри зборува за вештачко тело со чувства кои ќе се движат во телото. Ова е само првата фаза.

Следната фаза е трансплатација на мозок. Наместо да умрете, неврохирурзите ќе го извадат вашиот мозок и ќе го стават во систем кој поддржува живот, а тоа ќе биде ставено во андроидот од фазата 1. Ова ќе се постигне до 2020-2025.
Во следната фаза, вашиот мозок станува небиолошки со тоа што неговата содржина се става во компјутер. Ова ќе се случува од 2030 до 2035. Звучи лудо? Теодор Бергер ќе покаже на конференцијата како веќе успеал да замени дел од мозок на глушец со компјутерски чип.
Последната фаза е заменувањето на физичкото тело со нефизичко тело-холограм. Ќе се живее во компјутер, но физички ќе може да се претставува како холограм.

avatarВеќе е започната работата на првите три фази. На конференцијата ќе се соберат некои од најпочитуваните професори и научници за да дадат предлози за овозможување на идејата на Ицков. Ќе бидат присутни и многу инвеститори.

Ицков ја разбира важноста на развивање на вештачка интелигенција, но неговата главна цел е да им овозможи на луѓето да го развијат нивниот најголем потенцијал, што вклучува создавање на нова животна форма. Тој изјави дека со ова ќе се сопре стареењето, ќе исчезнат болестите и ќе станеме бесмртни.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top