Продолжува мини проектот „Учиме за Европската унија“

Станува збор за агенда на СЕП во која сите министри од Владата со амбасадорите на земјите членки во ЕУ ќе посетат училишта во сите градови од РМ со цел спроведување на овој проект.

 |  Крсте Голабовски  | 
ucime za EU
учиме за ЕУ

ucime za EUДенес францускиот амбасадор во Македонија Жан Клод Шлумберже и Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи, во средното училиште Нико Нестор во Струга одржаа час, на кој можеа да ги слушнат размислувањата на средношколците за Европската Унија. Амбасадорот Шлумберже, при својата посета на општинското средно училиште „Ибраим Темо“, пред одржувањето на самиот час истакна дека многу важно е да се разговара за заштитата на животната средина и да се направи споредба на критериумите кои треба да се исполнат доколку Македонија сака да биде дел од европското семјество.

Оваа кампања има за цел да го подигне нивото на информираност на учениците за Европската Унија, да ја зголеми нивната свест за значењето на евроинтеграциските процеси и реформите што Република Македонија ги спроведува за да стане дел од Унијата. Министерот за Животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи потенцира дека на овој начин учениците ќе може да постават прашања околу сите непознаници кои ги имаат околу ЕУ.

Министерот Јакупи додаде дека станува збор за мал но значаен проект, со кој преку една дирекна комуникација ќе можеме соодветно да се претставиме во ЕУ, а учениците да се здобијат со можност да постават прашања за се она што ги интересира а е во врска со ЕУ.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top