Тешка сообраќајна незгода кај Подмоље

Утрово во 7 и 35 минути на магистралниот пат Охрид – Кичево, во судар на моторно возило Ауди и автобус загина К.К. 58 години, додека нејзиниот сопруг М.К. сеуште во животна опасност.

 |  Николоска Билјана  | 

Утово некаде околу 7 часот и 35 минути на патниот правец Охрид – Кичево, се случи тешка сообраќајна незгода, во која настрада едно лице, К.К. 58 год, а возачот М.К. е во животна опасност. Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, до сообраќајката дошло кога тешко повредениот М.К. управувајќи го своето патничко моторно возило „Ауди“, со охридски регистарски таблички кое се движело во правец према Охрид, од засега непознати причини, скршнал на спротивната коловозна лента од каде во правец на Кичево, се движел автобус со ученици  на Јахја Кемал. Лицата веднаш биле пренесени во специјалната болница „Св. Еразмо“, Охрид. Др Митре Милошески, вели дека од нивна страна направени биле максимални напори да се пружи неопходната медицинска помош.

Милошоски потенцира дека пациентката која починала, била примена во примарна кома која најчесто се добива како последица на силен удар. А другиот пациент се здобил со тешки повреди на градниот кош, белите дробови, како и бројни скршеници. Тој се наоѓа на интензивна нега и е во животна опасност. На местото на сообракајната незгода, извршен е увид во присуство на Истражен Судија при Основниот Суд во Охрид, увидна екипа при СВР Охрид, вешто лице и стручни лица од станицата за технички преглед при Здружение на возачи од Охрид како и државен инспектор за патен сообракај. За време на увидот, скоро три часа овој патен правец не беше отворен за сообраќај. А возилата се пренасочуваа по стариот пат Охрид – Струга.

Потсетуваме дека на оваа локација пред оклу две недели имаше сообраќајна незгода која за среќа беше без сериозни последици. Дали мерките за безбедност во овој дел на патот од страна на СВР треба сериозно да се засилат, оставаме надлежните да проценат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top