Еко училишта

Приоритет на Министерството за образование и наука  е да се заштити планетата земја. Поради тоа тие ја подржаа програмата на здружението на граѓани ОХО.

 |  Билјана Николовска  | 
ekogija
екологија

Oho proektЗаштитата на животната средина треба да биде култура на живеење. За ова се залага здружението на граѓани ОХО, кое 11 години работи на имплементација на оваа програма во воспитно образовниот процес на Р Македонија. Годинава во нивните програми се вклучува и Министерството за образование и наука.
Деновиве во Охрид се одржува работилница наменета за директори на градинки, основни и средни училишта со цел да  ги презентираат новите состојби на ова поле. Советникот од МОН, Љупчо Спасовски вели дека ваквите напори имаат една заедничка цел, за три години сите училишта на државно ниво да бидат еко-училишта.
Програмскиот директор на проектот „немаме резервна планета“ Александра Младеновска Костиќ вели дека  задоволни се од досегашниот тек на имплементацијата на еко –програмите во воспитно образовниот процес. Според неа постигнат е голем прогрес на ова поле, кој резултирал со создавање на идни генерации кои ја воспоставуваат еколошката култура.
Училиштето е составен дел од животната средина. Костиќ смета дека подигањето на еколошката свест во јавноста, треба да отпочне точно од најмладите кои се вклучени во воспитно образовниот процес, во било кое училиште без оглед на неговите услови.
Овој проект го поддржува Швајцарската агенција за обнова и развој во соработка со МОН и Здружението на граѓани ОХО. Нивната крајна цел е имплементација на програмата еко – училишта низ цела земја и градење поинакви навики не само на учениците туку и на сите фактори кои делуваат и соработуваат со училишните установи. Досега во земјава имаме 85 еко училишта кои на доброволна база се вклучени во пилот програмите на заштита на животната средина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top