Ознака: животна

rakce

Европски и Крив слатководен рак-наши малку познати соседи

Post Views: 0 Astacus astacus и Potamon fluviatile, изгледаат чудно исто како што звучат. Ова се двата видови на слатководни ракови кои што живеат кај нас. Првиот,  Astacus astacus или Европски слатководен рак се среќава почесто, додека  Potamon fluviatile или Кривиот слатководен рак е далеку поредок. Европскиот рак може да се сретне низ целото Охридско Езеро, додека Кривиот се среќава исклучиво на територијата помеѓу Калишта и Радожда, а го има и во целиот албански дел. Овој рак пред околу 25 години го имало во многу поголеми количини, но отприлика во тој период во скоро сите води...

Continue reading

cinar

Тивко умира Охридскиот чинар

Post Views: 15 Попушта поставената заштита на стеблото на Чинарот. На надворешноста од најстарото дрво во градот е видливо поткопувањето на стеблото. Дрвото беше санирано во пролетта, 2002 година кога под налет на силно невреме, ветар и снег се искрши и падна една од двете странични гранки. Експертите го исчистија трулежот и го конзервира платанот, а требаше да постават и вештачка кора, но за тоа Министерството за животна средина не најде пари. Охридскиот чинар од 1967 година е ставен под заштита на државата како најстар споменик на природата. Дрвото се претпоставува дека е засадено...

Continue reading

канал

Во споредниот канал Студенчишта плива отпад

Post Views: 6 Споредниот канал кој тече околу спортско рекреативниот центар Билјанини извори и се влева во каналот Студенчишта е прекриен со цврст отпад. Пластични шишиња, лименки и окрек пливаат во водата и оставаат грда слика за нашата еколошка совест. Надлежните институции на локално и државно ниво, кој треба да се грижат за хигиената на јавните површини, продолжуваат со добро познатата реторика за своите ингеренции. Танас Танаксоки, главниот општински инспектор се оградува од надлежностите за чистење. Од општинскиот инспекторат велат дека споредниот канал е под надлежност на...

Continue reading

Pece Mirceski

Бучавост, девастација на зелениот појас и сообраќаен метеж

Post Views: 3 Бучавоста, девастацијата на зелениот појас и сообраќајниот метеж, проблеми со најмногу препораки во Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за стариот дел на градот.Истиот, иако речиси еден месец беше изложен во Општината и беше достапен за граѓаните и еколошките друштва од градов, сепак на денешната јавна расправа, интересот за него, нула. Бучавоста очигледно на жителите од стариот дел на градот им смета само во лето, па тогаш и реагираат. Инаку, стратегиската оцена за животна средина за овој плански опфат, опфаќа околу 43 хектари на централното...

Continue reading

staro zelezo

Забранет бизнисот со метален отпад

Post Views: 0 Покрај сувото гори и суровото. Поради зачестените кражби на метални предмети кои се во општа употреба како капаци од шахти, контењери, делови од метални електрични столбови, Министерството за животна средина стави крај на бизнисот со старо железо. За сметка на прекршителите на законот настрадаа и оние кои од овој бизнис чесно заработуваа за леб. Ова е обид на уништување на големите фирми за секундарни суровини и поддршка на крадците, смета Љупче Славески, на кој собирањето и продавањето на старо железо му е животна егзистенција. Но импликациите не завршуват тука. Секна...

Continue reading

plasica

Патот на плашицата

Post Views: 0 10 февруари. Телефонски повик до редакцијата на ТВМ. Се јави  познат екологист од Охрид. Новинари брзајте, земете камера и доаѓајте во каналот „Студенчишта“. Се случи природен феномен. Јата на плашици се собрани во каналот. 11 февруари, нов момент. Не е феномен туку еколошка катастрофа. Помор на плашицата. Тогаш претседателот на Спортското риболовно друштво Св. „Апостол Петар“,  Радован Димитриески рече дека „Каналот Билјанини извори, наместо туристичка атракција стана мистерија“. На терен излегоа и сите надлежни институции. Меѓу нив беше и државниот инспектор за земјоделство...

Continue reading

opshtina

Локалната реагира:Кој стопанисува тој нека чисти

Post Views: 10 Локалната со реакција за изјавите на државниот секретар на Министерството за  животна средина, Соња Лепиткова во врска одржувањето на каналот Студенчишта. Во неа стои:„Со Охридското Езеро и крајбрежието стопанисува државата и нејзините надлежни органи , па логично е тие да се гржат за неговата заштита.Тоа треба да го знае државниот секретар на Министерството за  животна средина  Соња Лепиткова, која во вчерашната изјава побара локалната самоуправа  да го чисти езерото, наместо  тоа да го побара во нејзиното министерство и во Владата. Градоначалникот Александар Петрески...

Continue reading

kanal

Кој треба да го чисти каналот „Студенчишта“?

Post Views: 13 Во чија надлежност е чистењето на каналот „Студенчишта“? Ова е прашањето кое се наметна по досегашните препукувања поврзани со актуелните случувања околу снабдувањето со вода, пресушените Билјанини извори и поморот на плашицата. Пандорината кутија која ги исфрли сите зла помеѓу Охриѓани, не остави да се прашуваме кој треба да ги засука ракавите и да го исчисти каналот. Побаравме одговор од Министерството за транспорт и врски. Во дописот кој  го испратија до нашата телевизија тие се повикуваат на член 3 и член 9 од Законот за комунални дејности  каде  комуналниот ред...

Continue reading

Ohridsko ezero

Во водите на Охридското Eзеро забележана маслена дамка

Post Views: 1 Во водите на Охридското Езеро, во близина  на кејот,   викендов е забележана маслена дамка. Дамката била со мала густина, во радиус од 100 метра и се протегала на потегот од хотел Палас до споменикот на Св. Кирил и Методиј. На терен веднаш излегла екипа од Центарот за јавно здравје на повик од државниот инспектор за животна средина. Екипата ја измерила концентрацијата на кислород и било констирано дека е на долна граница, но во границите на нормалата. Специјaлистот броматолог Сашо Точко  вели дека зеле по 2 примероци од нафтената дамка за хемиско и микробиолошко испитување....

Continue reading

ezero

Kонцесионерите на плажите сакаат да земат пари, но не даваат пари за нивно одржување

Post Views: 5 Концесионерите и годинава остана незаинтересирани да склучат договори со Комуналец за подигање на сметот. И Министерството за животна средина оваа сезона не одобри пари на комуналец за чистење на плажите кои државата ги издаде под закуп. ЈП „Охридски Комуналец“ и Локалната самоуправа презедоа да ги чистат плажите кои не се под концесија за да го спасат  имиџот на чист град кој го гради јавното претпријатие, вели првиот човек на Комуналец, Сашо Алчев. Се чистеа плажите во Св Стефан, Пештани, Трпејца. Но, концесионерите, пак кои заработуваат од плажите и треба да се најзагрижени...

Continue reading

stara hartija

Охриѓани не го поминаа тестот за екологија

Post Views: 8 Секторот за урбанизам и заштита на животна средина согласно своите активности годинава за прв пат спроведе помасовна акција за собирање на стара хартија. Целта е прво да се подигне свеста кај населението, а се започна од учениците во основните и средните училишта. „ Се знае дека населението, нивната свест се подига почнувајќи од најмладите генерации и токму поради тоа акцијата ја правиме со таа целна група. На овие  локации сите кои сакат да се ослободат од старата хартија може да ја одложат таму и истата ќе биде подигната од купувачот на овој тип на отпад.   Оваа акција...

Continue reading

konferencija

Државите од Балканот за зачувување на водните ресурси

Post Views: 1 Градење на заедничка визија, за одржливо управување со речните сливови и унапредување на соработката во прекуграничен контекст. Четворицата министри за животна средина и просторно планирање на Србија, Албанија, Косово и Македонија, денес во Охрид започнаа една нова ера во размената на искуства и меѓусебната соработка воопшто, во сферата на интегрирано и одржливо управување со водите. Министерот за Животна средина и просторно планирање на Р.Македонија, Неџати Јакупи, истакна дека принципите на заштитата на водите мора да се земат предвид во процесот на донесување одлуки...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top