Локалната реагира:Кој стопанисува тој нека чисти

„Доколку , оние што директно се задолжени за заштитата на животната средина размислуваат сериозно , тогаш треба да ги прифаќаат и спроведуваат ваквите аргументирани иницијативи , наместо да нудат несериозни половични решенија.“ стои во реакцијата од Локалната на изјавата на државниот секретар на Министерството за  животна срединa.

 |   | 
opshtina
Општина

Локалната со реакција за изјавите на државниот секретар на Министерството за  животна средина, Соња Лепиткова во врска одржувањето на каналот Студенчишта. Во неа стои:
„Со Охридското Езеро и крајбрежието стопанисува државата и нејзините надлежни органи , па логично е тие да се гржат за неговата заштита.Тоа треба да го знае државниот секретар на Министерството за  животна средина  Соња Лепиткова, која во вчерашната изјава побара локалната самоуправа  да го чисти езерото, наместо  тоа да го побара во нејзиното министерство и во Владата.

Градоначалникот Александар Петрески , пред два  дена јавно алармираше , надлежните министерства , под итно да организираат чистење на тињата во студенчишкиот канал која се таложи околу 40 години и е постојана опасност за рибниот фонд. Тој објасни дека доколку тоа не можат да го направат надлежните институции, тогаш во законска форма нека и дозволат  на локалната самоуправа да стопанисува и да се грижи за заштитата на Охридското Езеро. Токму поради тоа Петрески предложи, да се набави специјален брод за чистење на Охридското Езеро.

Сметаме дека е политички непристојно и без аргументација, државниот секретар за заштита на животната средина Соња Лепиткова , да предлага, локалната самоуправа да набави машина за чистење на тињата која, според неа,  чинела 120 илјади евра.

Предлогот на градоначалникот Петрески , за набавка на специјален брод за чистење на езерото и на македонската и на албанската страна, се темели на претходни консултации со експерти и искуства од други средини , како што е словенечкиот град Копар. Доколку , оние што директно се задолжени за заштитата на животната средина размислуваат сериозно , тогаш треба да ги прифаќаат и спроведуваат ваквите аргументирани иницијативи , наместо да нудат несериозни половични решенија.

Охридското Езеро, како светско природно богатство е под заштита на УНЕСКО и грижата за него мора да биде заедничка . Недозволиво е централната власт да стопанисува со езерото и крајбрежието , а товарот за заштитата , посебо за одржувањето на колекторскиот систем, да е на товар на општините Охрид и Струга. Уште полошо е што централната власт му дозволува на ЕЛЕМ , езерото да го третира како акумулација и да произведува електрична енергија , а ние да плаќаме високи сметки на ЕВН за работата на пумпните станици на колекторскиот систем.“

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top