Во водите на Охридското Eзеро забележана маслена дамка

 

Во водите на Охридското Езеро, во близина  на кејот,   викендов е забележана маслена дамка. Дамката била со мала густина, во радиус од 100 метра и се протегала на потегот од хотел Палас до споменикот на Св. Кирил и Методиј.

 |  Валентина Нелоска  | 
Ohridsko ezero
Ohridsko ezero

maslena damkaВо водите на Охридското Езеро, во близина  на кејот,   викендов е забележана маслена дамка. Дамката била со мала густина, во радиус од 100 метра и се протегала на потегот од хотел Палас до споменикот на Св. Кирил и Методиј. На терен веднаш излегла екипа од Центарот за јавно здравје на повик од државниот инспектор за животна средина. Екипата ја измерила концентрацијата на кислород и било констирано дека е на долна граница, но во границите на нормалата. Специјaлистот броматолог Сашо Точко  вели дека зеле по 2 примероци од нафтената дамка за хемиско и микробиолошко испитување.
„ Од  првичната хемиска анализа се констатирало дека се работи за нафтени фракции , мешавина од бензин и нафта кои ги користат  моторните чамци“, информира Точков.  
Saso Tocko-Bromolog

Оваа појава на истиот потег се случува по втор пат за  година и пол, а сторителот не е откриен. Точков појаснува дека штетноста од ароматичните  јаглеводороди кои се во нафтата се штетни за флората и фауната во  Охридското езеро. „Фотосинтезата и размената со кислород е намалена во такви услови.  Иако  25 проценти од самите полесни фракциите испаруваат од таа дамка, а останатиот  дел со помош на фотооксидација  и на микроорганзимот ќе се разгради но сето тоа преставува штета  за еко системот, вели Точков“.
Во меѓувреме, Државниот инспектор за животна средина Игор Трајкоски не информита дека по добивање на целосните резултати од извршената анализа од страна на Центарот за јавно здравје, согласно законот, до Јавното обвинителство ќе поднесат  кривична пријава против непознат сторител, со цел преземање активности за откривање на сторителот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top