Лебедите на Охридското езеро без конкретна законска заштита

 Лебедите на Охридското езеро без конкретна законска заштита.

 |  Валентина Неловска  | 
лебед
лебед

Лебед  со скршено крило плива во Охридското  езеро. Пред два дена до НВО „Анималија“  пристигнала дојава од граѓани дека е забележан лебед со скршено крило. За повредениот лебед  знаеме  околу два месеци, информира  Димитар Ставрески од  Анималија  Здружение за заштита на животните.  Се обиделе да исконтактираат некои институции за да се вклучат во санирање на повредата, но не можеле да најдат кој е одговорен, објаснува  Ставрески. Слично искуство имале и пред неколку години. И тогаш и овој пат наишле на  оградувања на надлежностите од институциите, појаснува Ставрески. Додава дека последно се обратиле до Инспекторатот за животна  средина во Скопје.
лебеди 
„ Го контактиравме директорот на Инспекторатот за животна средина и тој спомна дека немаат капацитет да дојдат да го заловат, а ако ние тоа го направиме може привермено да го сместат во Зоолошката градина во Скопје додека се интервенира. Но, ние не знаеме дали може да го направиме како организација и треба стручно лице кое ќе знае како да го залови и да напарави проценка дали е за заловување или ќе му помине со тек  време,  не знаеме колку е сериозна повредата“, укажува  Ставрески.  
 
Д-р Трајче Талевски претседател на Лимнолошкото друштво вели дека лебедите за прв пат биле забележани  на  Охридското Езеро во 1976 година. Во последните 3 и пол  децении  нивниот број растел и достигнал до 126 птици. Во последно време заради урбанизацијата на крајбрежјето бројот на единките се намалува и е сведен на околу 10 единки.
Во 2010 година со ЛС реализирале еден проект кога биле евидентирани два гнездови пара кај трската на Мазија и кај Подмоље. Талески кажува дека во светот лебедот е најзашитената птица. Препорачува поголема институционална одговорност кон лебедот кај нас.  Решение за повредениот лебед гледа во воспоставување на  поблизок и постојан контакт на државните институции со НВО сектор.

„ На светско ниво е заштитен со Бернска Конвенција, со Црвената листа и други конвенции, а во Македонија иако се потпишани конвенции сеуште има нејасни ситуации кој, што треба да преземе  да го заштити лебедот, не само со лебедот туку и  и за други случаи, нема директно одговорни лица или  институции, до  кои ќе може  заинтересираните кога нешто ќе забележат да се обратат“,  напоменува д-р Талески.
лебеди
ТВМ се обиде да  исконтактира дел од  инстиутуциите и да дознае под чија  директна заштита е црвеноклунестиот лебед. Наидовме  исто така на  оградувања од разни институции.

Во Хидробилошкиот завод нема стручно лице за птици, а Охрид сеуште е без  Државен иснспектор за животна средина.  Локалната самоуправа се оградува  од одговорност.

„ Немаме законска можност да реагираме, да бидем искрени  немаме ни средства  ни методологија во заштита на лебедите. Но, мора сите да бидеме свесни за заштитата на флората и фауната посебно на лебедот и во координација со одделот од Хидробиолошки завод да се санира повредата на лебедот“, рече портпаролот Томе Џамтоски.

Сашо Секулоски, портпарол на Министерството за екологија, пак  во телефонски разговор негира дека одделението за заштита на животната средина при ЛС нема надлежности во случајот. Кажа дека локалниот инспектор за животна средина е должен да го информира Државниот инспекторат за животна средина за повредната птица. За случајот препорача „Анималија“ да направат фотографија и да ја достават до нивното министерство, а  тие ќе ангажираат ветеринар кој ќе интервенира врз повреденото  крило  на лебедот.   
 Да се надеваме дека институциите ќе најдат начин и за кратко време ќе го спасат повредениот лебед.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top