Каналот Студенчишта прекриен со маслена дамка

Во каналот Студенчишта се излеа масло од глисерите кои се гаражираат таму. Спортските риболовци велат дека ова е еколошка катастрофа и апелираат надлежните сериозно да размислат за судбината на овој канал кој е престојувалиште на рибата плашица.
Министерството за животна средина и просторно планирање во Охрид нема државен инспектор за да го спроведе законот.

 |  Јаковлева Лионела  | 
kanal studencista
канал студенчишта

Каналот Студенчишта прекриен со маслена дамка. Очевидците кои ги затекнавме таму велат дека таа вчера во попладневните часови била многу поголема, а денес остатоци од масло можеа сеуште да се забележат на десниот кеј од каналот. Радован Димитриески, претседателот на Спортското риболовно друштво Св. „Апостол Петар“ вели дека тоа се должи на несовесното однесување на сопствениците на пловните објекти кои ги гаражираат таму. Димитриески додава дека не е прв пат на ваков начин да се загадува каналот, а инспекциските служби да не излезат на терен.канал студенчишта

Досега такво нешто немаме видено ниту чуено против некој од прекршителите да е поднесена некаква пријава. Кога ќе дојдат со глисерите цели кеси со отпад фрлаат во каналот, а кога вршат дотур на гориво дел од него си тече во водата и никому ништо. Жалосно е ова што се случува а никој ништо не превзема, вели Димитриески.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека единствен начин за да се спречат ваквите поголеми хаварии е максималното спроведување на казнената политика која е предвидена со Законот за животна средина. Но, во градов немаме дрѓжавен инспектор за животна средина.

Државен инспектор за животна средина за овај регион има, но не е со седиште во Охрид. Се надеваме дека што поскоро ќе биде поставен за да се санкционираат ваквите прекршители и да се спроведат казнени мерки, вели Паноски.kanal studencista

Димитриески вели дека ваквите проблеми би се решиле кога конечно би се изградила долго најавуваната марина. Според риболовците најсоодветно место за тоа е потегот од Даљан до Сатеска каде веќе има бензинска пумпа, а и аеродромот е блиску. Во никој случај тоа не смее да се направи во каналот Студенчишта, дециден е Димитриески.

Таа е луда идеја. Ние веќе 15 години се бориме за заштита на каналот бидејќи целокупната флора и фауна во каналот  е уништена најмногу од пескарењето на  бродовите и глисерите, вели Димитриески.

Според Димитриески каналот треба да се ископа, да се продлабочи, да се исчисти од цврстиот отпад и да се ослободи од пловните објекти. Веќе пет години таму не влегува риба, а со тоа е уништено едно зимувалиште на рибата кое опстојувало милиони години.{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top