Осломеј можна локација за изградба на регионална депонија

Осломеј можна локација за изградба на регионална депонија.

 |  Валентина Неловска  | 
средба
средба

Неофицијално, но многу веројатно во Осломеј ќе биде  изградена  регионална депонија. Во  Југоисточниот плански регион, кој опфаќа 9 општини, формирани се стручни служби и избран е претседател на регионалниот одбор за управуавње со отпад. Сите предуслови за користење на средствата од 3-тата компонента на ИПА се исполнети за да се отпочне  реализацијата на овој проект, информира Мирјана Лозаноска, директор на Центарот за развој на југозападниот плански регион.
зам министер
„ Следен чекор е изградба на регионален план за управуавње со отпад и сите натамошни процеси. Во југозападниот плански регион како препорака од  Владата е прифатена за регионална депонија локацијата на поранешниот рудник во Осломеј. Општина Кичево работи на подигање на свеста и навикнување на населението на еден таков момент и тоа оди многу успешно.“

Заменик Министерот за животна средина, Стево Темелкоски за изградбата на регионалната депонија напоменува дека пред  нејзината изградба комуналните претријатија ќе претрпат извесни реформи и трансформации, но треба да се направат и други плански подготовки потребни за обезбедување на други важни предуслови.

„ Интегрираното управување со отпад подразбира и изградба на модернизирана,  стандиризирана регионална депонија каде ќе биде собиран отпадот. Во секој случај тоа подразбира и изградба на трансфер станици кои се многу значајни. Така отпадот во помал процент ќе доаѓа на депонија, и тоа  оној што не се користи бидејќи  70 до 80 проценти од она што е отпад е секундарна суровина.“
депонии
Раководителот на секторот за управување со отпад при Министерството за животна средина, Ана Каранфилова Мазневска појаснува дека изградбата на депонии не е едноставен и лесен проект.

„ Проблемите се гледаат во недостаток на човечки ресурси и финансиски средства. За секој процес треба знаење, но  и пари. Сега ни се на располагање средства од ИПА фондовите. Но, ни требаше период да ги исполниме условите за да може Европа да ни ги испорача тие пари и да се знае дека ќе ги искористиме за вистинската цел.“

Заменик министерот за животна средина Стево Темелекоски и претставниците  од Центарот за југозападен плански регион, од ресорното министерство, од охридската Локална самоуправа и од Јавното претпријатие  Комуналец денес ги разгледуваа владините  заклучоци за решавање на проблемите со одлагање на отпадот во населбите Рача и Вапила. Заедно ги разгледаа сите предуслови за решавање на  проблемот со мини депониите во руралните населени места.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top