Промовиран просторниот план на Oхридско-преспанскиот регион

Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи денес во Охрид го промовираше Просторниот план за Охридско-преспанскиот регион.

 |  Татјана Маленкова  | 
prostoren plan promocija
просторен план, промоција

prostoren plan promocijaМинистерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи денес во Охрид го промовираше Просторниот план за Охридско-преспанскиот регион.
Министерот во својот говор пред присутните изјави дека „Солидниот просторен план на Охридско – преспанскиот регион има повеќекратно значење во развојот на Р Македонија. Ова е регион кој игра голема улога во туризмот, меѓународната соработка, а пред се во македонскиот биодиверзитет“.
Министерот додаде дека просторниот план претставува еден од најважните стратешки документи на охридско струшкиот регион.

„ Министерството за животна средина и општините се директни имплементатори на овој докумнт. Јас мислам дека сега е најпогоден момент за имплементација на тој огромен природен капитал на овој регион и да биде зачуван“, изјави Министерот за животна средина и просторно планирање, Неџати Јакупи.

Јакупи додаде дека овој план е во корелација со сите закони за заштита на природните богатства и дека во него се внесени сите законски одредби како што се Законот за заштита на природата, Законот за вода, за просторно и урбанистичко планирање. Целта е како што рече министерот, сите законски надлежности да бидат имплементирани во планот.

Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески истакна дека сега конечено ќе се знае што смееме и што несмееме да правиме, а ќе се дефинира и кој за што е одговорен. Тој додаде дека заштитата значи институциите да се организираат.     

„ Во овој момент не се знае до каде е срого заштитениот дел на НП Галичица, плажите кои не се издадени под концесија нема кој да ги чисти. Знаеме дека има подрачја во Пештани, Рача, каде НП влегува во самите куќи“, вели градоначалник на Охрид, Александар Петрески.

Сите овие работи треба да се дефинираат, рече градоначалникот, затоа што досега се` се третираше политички, додаде тој.
И Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко позитивно се искажа за Планот на овој регион.
Инаку Охридско – преспанскиот регион претстваува поголем дел од територијата дефинирана со природните граници на двата непосредно поврзани басени на охридското и преспанското езеро, а се протега и на територијата на соседна Грција и Албанија. Меѓународниот карактер на просторот како и големиот природен потенцијал поставуваат императивна потреба за ефикасно менаџирање на заштитата на овој простор. Просторниот план е еден од основните инструменти за имплементација на принципите на одржливиот развој, преку планските решенија за организацијата, заштитата и уредувањето на просторот, во услови на комплексна и економска трансформација на општеството.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top