Започна акцијата за собирање отпад од електрична и електронска опрема

На две локации се собира отпад од електрична и електронска опрема.

 |  Маленкова Татјана  | 
akcija otpad
акција отпад

И годинава општина Охрид преку секторот за урбанизам и заштита на животна средина 22 април денот на планетата земја го одбележува со спроведување на традиционалната акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема. Акцијата која започна денска  ќе се спроведува до сабота на две локации. Едната на полигонот за мали спортови  и другата локација кај  „АКУМА ТРЕЈД“  на патот за Лескоец.

„Граѓаните кои имаат ваков отпад, стари компјутери, монитори, процесори, тастатури глувчиња и други мали akcija otpadапарати од домаќинството да ги донесат тука и на тој начин ќе се ослободат од овој отпад кој преставува опасен отпад и не треба да се меша со комуналниот, затоа што забрането и казниво е да се фрла во контењери“, вели претставникот од секторот за урбанизам и заштита на животна средина, Јасмина Момироска.

Момироска открива дека акцијата за собирање отпад од електрична и електронска опрема за прв пат општина Охрид ја спроведе пред две година. Искуствата од тогаш се многу позитивни вели Момироска.

„Нашето искуство беше многу позитивно тогаш. Одзивот беше голем собравме голема количина електронски отпад. Се надевам дека така ќе биде и годинава затоа што луѓето веќе навикнаа  и не прашуваа и пред да започнеме кога ќе се спроведе акцијата за да може да ги донесат своите стари апарати и електронска опрема и да ја одложат на овој правилен начин. Инаку понатаму постапувањето со овој отпад е преку една овластена фирма која има дозвола од министрството за животна средина и просрно планирање за постапување со овој вид на отпад. Ова е правилниот начин на управување со овој вид на отпад“, вели Момироска.

Од  секторот за урбанизам и заштита на животна средина велат дека тие се подготвени да примат се што ќе биде донесено. Од таму додаваат дека во индустриската зона е собрана многу поголема количина отпад отколку кај малиот полигон.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top