Скршената гранка од Чинарот, сеуште лежи до стеблото

Кој е надлежен за охридскиот чинар?

 |  Маленкова Татјана  | 
cinar Ohrid
чинар

Дрвото кое е заштитен споменик на природата се рапаѓа пред очите на институциите. По инциндентот вчера кога поголема гранка се скрши, сеуште никој не ја превзема одговорноста истата да ја отстрани, а дрвото заштити од понатамошно уништување. Градоначалникот Александар Петрески вели дека управата за заштита на животната средина мора посериозно да пристапи кон реставрација на Чинарот затоа што ова дрво е  заштитен споменик на природата.  

„Јас пред се мислам дека тоа е поради недоволна грижа и заштита на тие што треба да го штитат чинарот, а секако и ние како охриѓани треба да го штитиме  меѓутоа има институции кои се надлежни за тоа, затоа што чинарот е заштитен треба  преку министрството за животна средина и инспекциите да се штити. Пред повеќе од година дена се вложија доста средства за конзервација на чинарот која одеше преку министреството, а ние како општина ја подржавме. Нашите екипи учествуваа во надзорот на завршените работи  и констатираа дека таа работа не е завршена како што треба“, вели градоначалникот Александар Петрески.

Преставникот на локалната самоуправа Вера Раоник открива дека одкако локалната била известена дека е завршена постапката за реставрација на Чинарот, тогаш таа и државниот инспектор за заштита на природа  излегле на лице место за да направат завршен записник за рабоатат која е извршена.

„При тоа установивме дека дел од работите кои е предвидени по оперативната програма не се завршени за што изготвивме и таков записник и заедно со целокупниот извештај за целата постапка која се водеше и последниот записник  испративме извештај до министерството за животна средина односно во управата за животна средина . Од таму по извесен перид добивме  известување дека од кога се собрал стручниот тим во управата констатирано било дека целокупната предвидена работа е завршена,.  Од кога ние го добивме тој извештај повторно излеговме на увид и контатиравме дека има повторно сушење на гранките и трулеш, со што се потврди претходиот записни, од тогаш никаков записник немаме добиено. Нивниот одговор беше во октомври, а ние извесување испративме веднаш по нивниот одговор и отогаш немамдобиено никаво известување“,вели Вера Раоник, преставник на одд. за животна средина при локалната самоуправа.

Градоначалникот додава дека локалната во повеќе наврати реагирала до министството дека работата е cinar Ohridнестручно завршена, за што имаат документи дека истите се примени, на што  никаков одговор и превземање до овој период нема.

„Пред неколку ена се јавиоја од министерството каде бараа нашиот дел во учеството на конзервацијата како финснсиски да  го дозавршиме, на што им одговоривме дека  неможеме д го дозавршиме плаањето затоа што ни работата не е дозавршена“, додава првиот човек на Охрид.

Контактиравме и со Смиљка Тенева од управата за заштита на животната средина при министертсвото за животна средина и просторно планирање. Таа во телефонскиот разговор ни рече дека се што разбрала за инцинеднтот со Чинарот е од медиумите.  Се пожали дека ни државниот инспектор за животна средина, ни локалната не им се обратиле и не ги известиле за проблемот. Таа тврдеше дека допис од локалната и записник дека ресатврација не е комплетно завршена годинава не добиле, туку лани.  На прашањањето дали и кога министертвото и управата ќе превземе активноти Тенева ни рече дека најверојатнно дури во понеделник ќе се формира координативно тело, кое ќе направи стручен увид на настаснатанатата штета и ќе превземе активноти за заштита на дрвото.
Овие тврдење на тенева во целост ги побиваат од локалната. Тие со поконкретни податоци. Откриваат дека имаат документација со која ќе потврдат дека 24 октомври годинава локалната испратила записник до управта потпишан од државниот инспектор Игор Трајковски и преставникот на локалната Вера Раоник  во кој јасно се наведува дека реставрација на Чинарот не е стручно изведена и истата не е дозавршена.  
Раоник објаснува дека доколку не с епревземе ништо слична  ќе биде судбината и на другите два Чинари од кои едниот е кај Кошишта, а другиот во населбата Воска. Раоник тврди дека во записници е установено дека кај двата Чинари  има појава на сушење и тоа кај Чинарот во Кошишта се сушат врвните гранки, но аларманто е што оваа појава  се спушта кон стеблото. Се суши и Чинарот во Воска од кој источната страна е комплетно уништена, затоа што срцевината се суши а целата дрвна маса се држи на кората на гранката. Доколку под итно не се превземе  ништо прашање на време е кога ќе дојде до кршење на овие Чинари.
Инаку додека надлежните  одлучат што ќе прават до Чинарот и скршената гранка  еден охриѓанец денеска  со соломонско решение, Со сечирче си ги кршеше гранките и собираше за греење, за што ова одбележје на Охрид мораше да го чува и полиција.  

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top