Стариот Чинар утрово се преполови

Охрид го губи стариот Чинар.

 |  Маленкова Татјана  | 
cinar Ohrid
чинар

Утрово се скрши една масивна гранка со што 11 века старото дрво буквално се преполови. Охриѓани кои ја видоа тажната глетка резигнирано коментираа, дрвото кое трпело и време и невреме илјада години не не истрпи нас и нашата негрижа. За волја на вистината Чинарот веше во неколку наврати саниран и конзервиран, но очигледно сето тоа не беше доволно за тој да ги поднесе врнежите од снег и дожд кои паднаа деновиве.

Надлежните излегоа на терен. Инспекторот Игор Трајкоски од Државниот инспекторат за животна средина и Вера Рауник од одделението за животна средина при локалната самоуправа ја согледале состојбата со чинарот и изготвија записник. Записникот ќе биде испратен до Управата за заштита на животната средина при ресорното министерство. Што понатака, никој не знае.  Од Министерството велат дека општина Охрид како управител со Чинарот кој претставува споменик на природата треба да испратат писмо со известување за настанатата штета врз основа на што во заедничка соработка ќе биле преземени чекори за санација на истата.

Поучени од минатото најверојатно таа санација нема да се случи многу скоро. Чинарот слична на денешната cinar Ohridсудбина доживеа и во далечната 2002 год  кога под налет на силно невреме, ветар и снег се искрши и падна една од двете странични гранки. Експертите го исчистија трулежот и го конзервира платанот, а требаше да постават и вештачка кора, но за тоа Министерството за животна средина не најде пари. Дури 10 години потоа ресорното Министерство обезбеди конзерваторски тим, а Локалната самоуправа пари во висина од 200.000 денари за да спречат атмосферските влијанија да го уништат Чинарот. Kонзерваторските зафати врз Чинарот се одвиваа на почетокот на јуни оваа година и беа предводени од скопоскиот конзерватор Љупчо Иљоски. Тогаш беше предвидено да се исчисти гнилежот, да се отстранат сите суви гранки. Дрвото да се премачка со премази и сите шуплини да се затворат со полиуретанаска маса, па потоа да се постави решетка обложена со шиндра како заштита на дрвото од атмосферските влијанија. 6 месеци подоцна, Чинарот за кој се верува дека е засаден од Св Климент Охридски и е  под заштита на државата како најстар споменик на природата, распука на половина.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top