Ознака: еко

нуркач под вода

Подводна еко авантура со Никола Паскали

Post Views: 5 Подводна мартовска еко авантура низ камерата на Никола Паскали. Охридско Езеро плажа Сарајште, Стар Град. Температура на вода 7° / 8°С . Природата почнува да се буди. Повторно ќе се разбуди во отпад. Ја загадивме водата што ја пиеме, храната станува отровна, воздухот загаден – вели Никола Паскали од НК „Акватек“. Видеото може да го погледнете на следниот линк

Continue reading

Уште една еко-акција на охридските активисти

Post Views: 1 Десет активисти и граѓани денеска собраа 15-тина вреќи ѓубре од плажата кај поранешната детска болница во Охрид. „Чист Охрид“ заедно со „Енхелеус Лихнид“ и „Еко Туризам“ исчистија уште една мини депонија создадена од несовесни граѓани.  Повторно упатуваме апел да се собира ѓубрето што го создаваме сите ние и да го одложуваме таму каде што му е место. Тоа е првиот чекор кон унапредување на животната средина за која сите ние треба да се грижиме! Благодарност до сите што учествуваа, се гледаме на друга акција, за почист и поубав Охрид – велат од „Чист Охрид“. ...

Continue reading

Еко акција на „Енхелеус Лихнид“ кај Бејбунар

Post Views: 2 Здружението „Енхелеус Лихнид“ заедно со нивните пријатели, волонтери и сите охриѓани вњубеници во природата, имаа уште една еко акција која овој пат беше спроведена на патот за Бејбунар во шумичката со борови.  После 3 часовната битка против пластика, метали, разноразни предмети од домаќинства, кревети, гуми, теписони итн. КОНЕЧНО природата го доби сјајот како што го заслужува – напишаа од „Енхелеус Лихнид“ веднаш по акцијата. Тие апелираат до ЈП Охридски Комуналец и Општина Охрид да го соберат ѓубрето по патот за Беј Бунар во најскор можен рок.   Од „Енхелеус...

Continue reading

Живо растение и по 50 години во затворен сад

Post Views: 16 Дејвид Латимер (80), градинар од Велика Британија, во 1961 година дошол до идеја да посади растение во затворен сад за да види како ќе реагира. Педесет и три години подоцна, растението е и понатаму живо и во полна форма, благодарение на својот сопствен еко систем. Латимер го посадил семето за Великден 1961 година во сад од 38 литри. Само два пати го полевал своето растение, кога го посадил и во 1972 година, пред да го запечати садот. Од тогаш, растението се развивало само од себе, објаснува овој заљубеник во градинарството. Единствено што прави е тоа што го врти садот...

Continue reading

Дружината ЕКО-ФАП има подмладок

Post Views: 8 Продолжуваат еколошките акции на ентузијастите од  Еко Фап Охрид.  Вчера попладне активистите  подигнаа 10 метри  кубни разновиден отпад од НП Галичица, во близина на сппоменикот на  паднатите борци на патот за Велестово. Бродарите  на секои десет дена  доброволно ги чистат дивите депонии  на различни локации низ регионот.  „Ние овде интервениравме днаш но сега гледаме нови ппредмети. Сега ќе крениме но пак ќе дојдеме до потполно расчистување. Овде нема да се расчисти никогаш арно ама ние мисијата наша колку што можеме ќе ја тераме“ , вели Горан Устијаноски претседател...

Continue reading

Еко-фап функционираат од душа за почист Охрид

Post Views: 3 Членовите на Здружението Еко-фап го обелуваат образот на охриѓани. Ентузијастички расчистуваат и подигаат разни видови отпад и шут низ делови од градот и околината. Општествено одговорните охриѓани се луѓе кои се дел од пловидбената флота и од туризмот. За идејата со еко акциите велат дека биле потикнати од коментарите од странските гости. Нивните забелешки се дека од Охрид не виделе поубаво место, но дека му недостасува хигиена и свест на населението за да не фрла ѓубре насекаде и да не се нагрдува животната средина, раскажува Горан Устијаноски, еден од повеќемината...

Continue reading

ЕКО ФАПОТ ја среди дивата депонија на улицата „Јордан Мијалков“

Post Views: 4 На иницијатива на „ЕКО ОХРИД“ викендов беше реализирана еко акција за средување на просторот на дел од улицата „Јордан Мијалков“ кој веќе неколку години наназад прерасна во депонија. Со помош на ЕКО ФАПОТ од страна на урбаните херои Марија Трајкоска, Дуле Трајкоски, Велентин Христовски, Пецо Павлоски, Кире Павлески викендов беа подигнати повеќе од десет кубни метри и9нертен и комунален отпад од оваа локација. Пред две години директорот на ЈП „Охридски комуналец“ за ТВМ изјави дека депонирањето шут на овој потег се интензивирало кога се донесла одлука за забрана за депонирање...

Continue reading

Децата од училишна возраст добиваат можност за учество на он лине награден конкурс на еко истражувачка тема

Post Views: 8 Децата од прво до девето одделение добиваат можност да учествуваат на награден конкурс на еко тема. Во услови на пандемија со Корона вирусот, лиценцираната компанија Нула Отпад за собирање електричен отпад, он лајн ја продолжува започната едукативна мисија за подигање на еколошката свест кај најмалите, а која во претходниот период наиде на одличен прием, информира Билјана Костадинова од Нула Отпад. „Дигиталната едукативна кампања е наменета да им овозможиме ангажман на децата кога се послободни заедно со родителите да го искористат времето на креативен начин и интересен...

Continue reading

Нуркачите од центарот Акватек повторно во еко акција

Post Views: 2 Од нуркачкиот центар Акватек изведоа еколошка акција на иницијатива на ресторан и плажа Бонанца, а пред почетокот на летната сезона. Акцијата беше успешно реализирана, информира Никола Паскали од НЦ Акватек. Покрај Паскали во акцијата бил вклучен и нуркачот Климчо  Ангелоски. „Целта беше од еколошки и безбедносен карактер за капачите на плажата. Од водата на брегот на капалишетото беа извадени повеќе автомобилиски гуми, собрани беа две вреќи со пластични шишиња, чаши, лименки, стаклени шишиња, најлони и амбалажа од прехранбени предмети кои ги користат луѓето во секојдневниот...

Continue reading

Со средства од ЕУ ќе се гради еко музеј во Дебрца

Post Views: 1 Општина Дебрца започна со реконструкција во ЕКО Музеј – Белчишко Блато „Сини вирој“ на старата зграда – касарна во село Белчишта. Средствата за реализација се озбезбедени од грант во рамките на EU IPA CBC проектот за “Подобрување на заштитата на природните растенија во пограничната област”, со вкупна вредност од 1 милион и 250 илјади, за општина Дебрца се издвоени 241 000 евра. Други партнери од македонска страна се ЈП за управување и заштита на повеќенаменско подрачје „JAСЕН” и Шумарски факултет – Скопје , а од грчка страна, општината Терми и за Институтот...

Continue reading

Граѓаните габаритниот отпад може да го пријавуваат на еко линија

Post Views: 2 Се загадува животната средина и се расфрла секаков вид дотараени електрични и електронски апарати, а постои можност да бидат бесплатно подигнати од домовите. Лиценцираното друштво за управување со отпад „Нула отпад“ ги собира габаритни непотребни електронски и електрични предемети како фрижидери, шпорети и слични апарати од домаќинството. Пријавувањето е на Еко-линијата 070 23 60 00 информира Билјана Костадинова маркетинг агент од оваа компанија. Компанијата паралелно работи на едукација за подигнување на еко свеста кај граѓаните , но сепак има грешки заради несовесно...

Continue reading

Еко марш во Струга

Post Views: 0 Триесеттина ентузијасти од Струга, љубители на природата денес организираа мирен еко марш. Тие јавно го подигнаа својот глас и укажаа на надлежните институци дека мора да излезат на терен да видат што се случува во природниот резерват Јабланица. Андреј Бандовски од планинарското еколошко друштво „Занкамен“, реагира дека долг период наназад упорно барале информации од надлежните за она што се случува на планината Јабланица, но од нив не добиле никаков одговор. Сите сознанија што ги имале за Јабланица биле од локалното население, додава тој. „Целта на овој еко марш е да...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top