Ознака: еко

domati

Формирање мали еко заедници за враќање на младите во селските средини

Post Views: 4 Дали новите генерации се на прагот да ја започнат револуцијата на враќање на младите во селските средини и да живеат од земјата? Многу македонски села изминативе децении останаа опустошени од внатрешните миграции и беа избришани од колективната меморија. Сепак, идејата сами да ја произведуваат храната што ја јадат, да бидат во допир со природата, а во исто време и да заработуваат за живот работејќи ја својата професија, но и да го избегнат стресот и безработицата во градовите, станува се попривлечна за младите во земјава. Ентузијазмот кој го чувствуваат помладите генерации...

Continue reading

eko bus

Еко бусот пристигна во охридското ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 1 Еко караванот на Пакомак пристигна во Охрид. Основците од Христо Узунов се првото охридско училиште кое се вклучува во проектот. Првоодделенците од ова училиште денес преку забава научија  како да ја заштитат  животната околина.  Еко караванот досега посетил над 60 основни училишта во Македонија и вклучил голем број ученици , напоменува Ивица Маринковиќ, попознат меѓу децата како Ивце Пивце. „ Денес е прв ден и овој проект е со цел да се едуцираат децата за рецеклицирање. Селектирање, а потоа  и рециклирање, да не ни се трупа отпадот туку да успее да го рециклираме....

Continue reading

sos

Еко пораки за зачувување на Охридското Езеро преку детски фотографии

Post Views: 6 Силни еко пораки овековечени на фотографии што вредат илјада зборови. Малите основци од „Григор Прличев“ денес со силата на фотографијата и нивната несопирлива креативност испратија порака против бучавата во Охрид, симболично затворајќи ги ушите. Во рамки на интересниот проект „Спасете го Охрид, спасете ја планетата“, дечињата сериозно го сфатиле проблемот за еколошката состојба на езерото и културно-историските споменици. Детските очи уште еднаш покажаа дека гледаат нешта што возрасните не успеваат да ги забележат. Тие сигнализирале за пластичните шишиња во езерото...

Continue reading

Населбата „Охридати“ наместо со елитни еко катчиња оставена со несредени површини и отпад

Post Views: 0 Населбата „ Охридати“ која се наоѓа во близина на Охридското Езеро оставена со несредени патни површини. Жител на населбата до нашата редакција испрати фотографии и реагираше дека наместо елитни еко катчиња сликата на населбата е отпад и нечистотија. -По три децении сеуште ги нема елитните еко катчиња. Наместо нив гледаме несредени дворни површини и делови кои се гушат во отпад и нечистотија и напукнати улички по кои секој ден минуваат автомобили и се движат жителите на урбаната населба „Охридати“.-реагираше Васко Рубаноски, жител на населбата. Во објавата...

Continue reading

den na ezero

Велосипедска тура, јога на плажа, еко акции за чистење на брегот по повод Денот на езерото

Post Views: 1   Охриѓани масовно ќе го одбележат 21ви јуни, Денот на Охридското Езеро. 15 години откако е воспоставен со заеднички сили на претставниците на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро од Македонија и Албанија годинава по  шеснаесетти пат ќе се потсети на значењето на постоењето, но и заштитата на езерото. „Шеснаесет години подоцна се соочуваме со нови предизвици кои произлегоа овие години најмногу за интересот на економски развој на општините од двете страни и кои предизвици ќе бараат од нас дополнителни напори и дополнителни вложувања за да можеме да...

Continue reading

ekogija

Еко училишта

Post Views: 1 Заштитата на животната средина треба да биде култура на живеење. За ова се залага здружението на граѓани ОХО, кое 11 години работи на имплементација на оваа програма во воспитно образовниот процес на Р Македонија. Годинава во нивните програми се вклучува и Министерството за образование и наука. Деновиве во Охрид се одржува работилница наменета за директори на градинки, основни и средни училишта со цел да  ги презентираат новите состојби на ова поле. Советникот од МОН, Љупчо Спасовски вели дека ваквите напори имаат една заедничка цел, за три години сите училишта на државно...

Continue reading

blato

Студенчишкото Блато како природна заштита од поплави и други природни непогоди

Post Views: 2 Студенчишкото Блато-природна заштита од поплави и други природни непогоди. Покрај неговата уникатност со бројните примероци од флора и фауна голем дел од кои се и ендемски видови, како и неговата функција на филтрирање на езерото, Студенчишкото Блато воедно помага и во одбрана на градот и езерото од поплави, кои деновиве се и тоа како актуелни. Денес на светскиот ден на мочуришните предели, Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат потсети на значењето на овој значаен еко-систем. „Студенчишкото Блато покрај тоа што е живеалиште на поголем број примероци, некои ендемски...

Continue reading

Дејан паноски

Еко-дипломатијата на дело

Post Views: 0 На 17.12.2014 година во Приштина се одржува Форум за Води организиран од страна на Регионалниот центар за животна средина за Централна и источна Европа (РЕЦ), преку иницијативата за безбедност и животна средина (Environment and Security Initiative – ENVSEC). На форумот Главни теми се ефикасното управување со води посебно во прекуграничен аспект и еко дипломатијата и дипломатијата за води како носител на процесите во регионот на Југоисточна Европа. На темата еко-дипломатија и дипломатија за води панелист ќе биде Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат кој...

Continue reading

адорa

Рекордна продажба на станови на „Адора Инженеринг“

Post Views: 10 Со продадени 46 елитни еко домови во октомври, што е над два пати повеќе од продажбата во октомври минатата година, Адора Инженеринг забележа најголема, рекордна месечна продажба на станови од постоењето на компанијата. Рекордната продажба на Адора Инженеринг на 1,5 стан дневно во октомври, се должи на реномето на компанија што нуди еко станови со докажана стабилност, висок квалитет и енергетска ефикасност, верификувано со првиот „енергетски пасош А-класа” во Македонија, за што постојано и аргументирано ги информираме купувачите и јавноста. Придонес имаат и поволните...

Continue reading

eko spar

Бакрачески ќе ја поттикнува локалната економија

Post Views: 0 Локален економски раст и креирање на нови работни места е основна заложба на охридската Локална самоуправа. Во таа насока денес градоначалникот на Охрид, Никола Баскрачески, оствари работна средба со сопствениците на компанијата ЕКО Спар, која се занимава со производство на камини и котли на пелети, кои ги задоволуваат сите еколошки стандарди. Бакрачески изјави дека поддршката ќе се состои во обезбедување на инфраструктурни погодности за производствените компании и други олеснителни околности кои што законот ги предвидел во рамките на ингеренциите на локалната самоуправа. „Тое...

Continue reading

ЕКО ФАП стана побогат за уште две противпожарни возила донација од Општина Охрид

Post Views: 13 Станува збор за две противпожарни возила марка ФАП 13 14 кои веќе извесно време се надвор од употреба на ТППЕ Охрид , но својот живот ќе го продолжат во противпожарното одделение во рамките на ЕКО ФАП каде во добро и лошо и понатака ќе служат на граѓаните. Целта е истите да бидат реставрирани , исправни и секогаш во функција на нашиот Охрид. Од ЕКО ФАП со благодарност до Општина Охрид и ТППЕ Охрид за поддршката и препознаенета добра идеја за формирање на доброволно противпожарно друштво за прв пат во нашиот град.

Continue reading

plazi

Швеѓани ќе ни ги расчистуваат некомерцијалните плажи

Post Views: 2 Волонтерите од Клубот на млади на Црвениот крст заедно со претставници од ЈП „Билјанини извори“ и Лајонс клубот од Гетеборг-Шведска ќе ги расчистуваат некомерцијалните плажи. Нивната еко-акција ќе се спроведува во текот на утрешниот ден, а ќе опфати повеќе плажи кои немаат концесионери, а ќе се започне со расчистување на пределот на Грашница, како и другите плажи каде што вирее трската. „Ваквата иницијатива или поттикот да го направиме ова е како резултат на непријатната слика и присутниот смет на плажите кој несоодветно и несовесно завршува на истите, односно најчесто...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top