Ознака: еко

Еко-свест: Охрид ќе се најде на листата на загрозено светско наследство и таквата одлука ќе биде праведна

Post Views: 10 Нема дилема дека Охрид ќе се најде на листата на загрозено светско наследство. Кога ќе се даде таква препорака таа понатаму и се усвојува од Комитетот на УНЕСКО и во овие околности таквата одлука е праведна, сметаат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“. Тоа праќа порака дека како држава сме потфрлиле,  не сме направиле доволно да си го заштитиме единственото УНЕСКО подрачје кое е едно од ретките не само културни туку и природни заштитени богатства, вели  вели Ана Чоловиќ Лешоска од Еко свест. „Доколку го изгубиме статусот односно...

Continue reading

ucenici

„Сино и Зелено наспроти црно и сиво”

Post Views: 0 Локалната агенција за развој (ЛАР), Струга преку IPA проектот „Сино и Зелено наспроти црно и сиво” во рамките на прекуграничната програма Македонија-Албанија го одбележa 22 мај – Светски ден на заштита на биодиверзитетот. Целта на проектот е јакнење на јавната свест за одржливо искористување на природните ресурси во сливното подрачје на Охридското Езеро во областите шуми, води и земјоделие. Во рамките на проектот функционира едукативна училница – Еко-инкубатор во кој се организираат предавања за ученици, јавни дебати, работилници и слични настани на еколошки...

Continue reading

kontejneri

Децата од ОУ „Дебрца“ за почиста општина

Post Views: 0 ОУ „Дебрца“ во с.Белчишта заедно со локалната самоуправа, а под покровителство на градоначалникот Игор Трајкоски и директорката на Јавното комунално претпријатие, Јасмина Мицкоска започнаа  со реализација на Еко-проектот „Заедно до почиста општина“, со цел потикнување на еколошката свест кај населението на Општина Дебарца. Со Еко-проектот „Заедно до почиста општина“, предвидено е истражување за еколошката состојба во  Општина Дебарца, проект кој започна денес, а ќе трае до 21.03.2014 година. Во активностите кои ќе бидат реализирани во шест работни седмици учество ќе...

Continue reading

Еко акција за чистење на градот „Мој Охрид-чист Охрид“

Post Views: 2 Во сабота, 9-ти јуни ќе се одржи голема Еко акција „Мој Охрид-чист Охрид“, за чистење на крајбрежјето на градот во пресрет на туристичката сезона.Акцијата е иницирана од Супер радио, со поддршка на локалната самоуправа, бизнис секторот, охридските медиуми, еколошките и спортски друштва од Охрид. – Основната идеја е да се анимираат граѓаните на Охрид, посебно учениците од сите основни и средни училишта во градот за чистење на централниот дел од градот. Особен акцент ќе им се даде на плажите, каде е најголемата фреквенција на туристи во пресрет на главната туристичка...

Continue reading

Научниците едногласно ја усвоија Декларацијата за заштита на еко системот на Охридското Езеро

Post Views: 1 Едногласно усвоена Декларацијата за заштита на Студенчишко блато, од страна на светски научници за блатни системи.  Научниците врз основа на својата експертиза и посетата на блатото во документот констатираат неколку елементи. Охридското Езеро и со него поврзаното Преспанско Езеро имаат исклучителна вредност поради богатството на биолошка разновидност и неспоредливиот континуитет на развој во текот на најмалку 1,6 милиони години. Охридското Езеро е сè уште во извонредна состојба, но постојаниот внес на отпадни води претставува сериозна закана по неговиот квалитет. Последното...

Continue reading

И возилата на Audi со софтвер за измама на еко-тест

Post Views: 0 Германскиот производител на автомобили Audi објави дека 2,1 милиони возила ширум светот се опремени со истиот софтвер кој овозможува измама на тестовите за емисија на штетни гасови. Околу 1,42 милиони возила со таканаречениот EU5 мотори имаат вграден софтвер во западна Европа, од што 577.000 во Германија. Во САД има околу 13.000, рекол портпаролот на компанијата. Станува збор за возилата A1, A3, A4, A5, A6 TT, Q3 и Q5, додал тој. VW минатата недела призна дека 11 милиони дизел автомобили ширум светот се опремени со уреди кои овозможуваат измама на еко-тестот, а извршниот...

Continue reading

Еко миење на вашиот автомобил

Post Views: 0 Професионално длабинско и хемиско чистење на автомобили. Деновиве во нашиот град охриѓани го забележуваат атрактивното мобилно возило за миење коли. Идејата ја реализираа младите Никола и Бојан, кои како што велат не им требало некоја посебна анализа за да се одлучат за еден ваков бизнис. Тие следејќи ги модерните текови и брзите текови на живот деновиве ја отворија првата фирма во Македонија за мобилно и еко миење на автомобили. „Еко Ваш“ работи на принцип на водена пареа, ние сме први во Охрид што работиме на тој принцип. Предностите се во тоа што правиме 80% помала...

Continue reading

Започнува Охридското Еко Лето

Post Views: 6 Во време на голем број културни збиднувања во нашиов град, претставниците од граѓанскиот сектор, ќе дискутираат за проблеми поврзани со животната средина. Токму заради изедначување на важноста на културното со природното наследство Охридското Еко Лето се организира за време на културните збиднувања во градот Охрид, кога ќе може да се привлече вниманието и на локалноното население и на туристите. Во наредните неколку денови, панелистите ќе дискутираат на голем број теми од природа и природното богатство, еко туризмот, одржливо живеење и справување со отпад. „Сакаме да...

Continue reading

Еко пораки упатени од Охрид

Post Views: 31 „Екологијата се учи од мали нозе“, „ Ја сакам природата , го сакам животот“, „ Мисли глобално делувај локално“, беа само дел од пораките кои охриѓани ги упатија по повод Светскиот ден за заштита на животната средина. По охридските улици со дефиле членовите од групата „Најди време“ при Црвениот крст од Охрид заедно со младите волонтери учествуваа во подигање на јавната свест за односот на човекот кон животната средина. „ Денес го одбележуваме тој ден. Сакаме да кажеме дека светот останува на младите тие ја наследуваат планетата Земја и да знаат да ја чуваат животната...

Continue reading

Алармот е вклучен, исчезнуваат животински врсти, се губат цели еко системи

Post Views: 2   Еколошките предизвици од година во година се алармот за експертската јавност. Загадувањето, прекумерната урбанизација и генерално нашата негрижа, се причина за исчезнување на животински видови, па и на цели еко-системи. Еден еклатантен пример за нашата негрижа е судбината на Балканскиот рис. Популацијата на ова исклучително итро животно е доведена на работ на изумирање поради криволов. За жал рисот од Галичица комплетно е исчезнат. Изминативе десетина години не е забележано присуството на рисот, велат еколозите. НП Галичица пред неколку години постави камери за мониторинг...

Continue reading

Еко цртежи и садење садници за одбележување на Денот на планетата Земја

Post Views: 8 Дружба на генерациите, од најмали волонтери од бреинобреин програмата, како и детскиот час за приказни на англиски јазик, како и повозрасните волонтери кои ја следат програмата за стари лица денес ги обединија силите како достојно би го одбележале Денот на планетата земја. Еве што тие ни подготвија. “Сите тие се здружија за денеска заедно да посадиме садници кои што ќе го красат овој дел, кои ќе бидат и обележје и некој линк кој ќе ги поврзува овие две генерации, дечињата во рамки на доаѓањето во Црвениот крст и следењето на оваа програма, ќе ги залеваат со вода,...

Continue reading

akcija

Седма еко акција на активистите од „Чист Охрид“

Post Views: 0 Овој викенд ќе се реализира седмата по ред еко акција на младите активисти од еко движењето „Чист Охрид“. Овој пат ќе се чисти просторот на полигонот за мали спортови во Охрид, во недела на 21-ви февруари. Збирно место за сите заинтересирани кои скаат да помогнат во акцијата е пред ресторанот „Европа“ во 12 часот. Младите активисти досега спроведоа шест вакви успешни акции на неколку локации во нашиов град.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top