Еко пораки упатени од Охрид

Еко пораки упатени од Охрид .

 |  Валентина Неловска  | 

„Екологијата се учи од мали нозе“, „ Ја сакам природата , го сакам животот“, „ Мисли глобално делувај локално“, беа само дел од пораките кои охриѓани ги упатија по повод Светскиот ден за заштита на животната средина. По охридските улици со дефиле членовите од групата „Најди време“ при Црвениот крст од Охрид заедно со младите волонтери учествуваа во подигање на јавната свест за односот на човекот кон животната средина.

„ Денес го одбележуваме тој ден. Сакаме да кажеме дека светот останува на младите тие ја наследуваат планетата Земја и да знаат да ја чуваат животната средина“, рече Младеновиќ.

Љупчо Милкоски активисти од групата „Најди време“ од Црвен крст Охрид вели покрај подигање на свеста на граѓаните се повикуваат и институциите да се вклучат во системско решавање на еколошките проблеми. Тие да се залагаат за изградба на регионални депонии за преработување на отадот или изградба на пречистителни станици за отпадните води.

 

 

 

„ Мора да излеземе надвор, мора да го видиме она што го имаме и секој да ја врши својата функција и работа во рамките на тоа. Имаме Закон за заштита на животната средина тој е добар. Има повеќе измени и дополнувања.Има добрипланови и институциите мора да го користат и гарѓанскиот дел Свеста не е само за оние надвор туки за институциите д а го прифатат тоа“, вели Милкоски.

Охриѓани со пораките кои се приклучија во одбележувањ ена 5 јуни Светскиот ден на животната средина и ја покажаа свесноста за екологијата. Порачаа доколку се грижиме за природата се штитиме и себе си. На градскиот плоштад Чинар на граѓаните им делеа памфлети со еко пораки.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top