• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Научниците едногласно ја усвоија Декларацијата за заштита на еко системот на Охридското Езеро

Научниците едногласно ја усвоија Декларацијата за заштита на еко системот на Охридското Езеро

Учесниците на 13 та Европската конференција на научниците од областа на блатните екосистеми, што минатата недела се одржа во Охрид, ја усвоија Декларацијата за заштита на еко системот на Охридското Езеро, информираат од Охрид SOS. Друштвото на научници со оваа Декларација упати повик до локалната и централната власт да ја подобрат заштитата на Охридското Езеро, вклучително и на Студенчишкото Блато и на езерскиот слив.

 |   | 

Едногласно усвоена Декларацијата за заштита на Студенчишко блато, од страна на светски научници за блатни системи.  Научниците врз основа на својата експертиза и посетата на блатото во документот констатираат неколку елементи. Охридското Езеро и со него поврзаното Преспанско Езеро имаат исклучителна вредност поради богатството на биолошка разновидност и неспоредливиот континуитет на развој во текот на најмалку 1,6 милиони години. Охридското Езеро е сè уште во извонредна состојба, но постојаниот внес на отпадни води претставува сериозна закана по неговиот квалитет. Последното живо блато на македонскиот охридски брег, Студенчишко блато е евидентно деградирано и многу помало од неговата природна големина пред 50 години. Од низата деструктивни активности, последната е скорешната изградба на широка асфалтна патека која го нарушува неговото хидролошко единство со езерото, информираат од граѓанската иницијатива Охрид СОС.Друштвото на научници за блатни екосистеми  со оваа Декларација упати повик до локалната и централната власт да ја подобрат заштитата на Охридското Езеро, вклучително и на Студенчишкото Блато и на езерскиот слив, што оптимално би се постигнало со прогласување на езерскиот систем како блатен екосистем од меѓународна важност под Рамсарската конвенција. Потребно е итно изготвување и спроведување на акциски план за заштита на Студенчишкото Блато и за негова итна ревитализација, потоа ревизија на практиките на управување со водите во урбаните и руралните области околу Езерото за да се спречи влевање на загадена вода, како и обнова и создавање на нови блатни системи.Градоначалникот на Охрид, се обврза на имплементација на препораките од стручната фела и заштита на Студенчишко блато до крајот на оваа година, но сè уште без гаранции за неговата големина. Македонската Влада ја усвои иницијативата за Рамсарска номинација и заштита на Студенчишко блато, потсетуваат од Охрид SOS.  Од Охрид SOS сметаат дека блатото како парк на природата би имало значајна улога за развој на повеќе атракции за природен туризам за да се зголеми приходот преку понуда на поразлични опции и продолжување на туристичката сезона.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top