Ознака: еко

logo

ЕКО-активности на СВР Охрид

Post Views: 0 По повод 5-ти Јуни, светскиот ден на животната средина, секторот за внатрешни работи Охрид, ќе спроведе превентивна позитивна акција во која, во соработка со Здружението на возачи-Охрид и авто-мото друштво „Технички преглед на возила“-Охрид, врз товарните и патничките возила ќе се врши контрола на системот на испуштање на согорени гасови и користење несоодветно гориво. За таа цел, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, на улицата „7 ноември“ кај Здружението на возачи, ќе постави контролен пункт и ќе врши контрола и упатување на возила на вонреден технички...

Continue reading

opomenkovci

Еко опоменковци во ходниците на ОУ „Св. Климент Охридски” – Охрид

Post Views: 3 Во рамките на проектот „Интеграција на заштита на животната средина во  воспитно – образовниот систем на Република Македонија” во училиштето се спроведуваат многубројни активности. Членовите на еко одборот (ученици, вработени и родители) учествуваа во работилницата на која од отпадниот мтеријал направија кукли – еко опоменковци: од картонска амбалажа Картонко, од лимените конзерви Лименко, од пластичната амбалажа Винко и Винка. Овие симпатични кукли поставени се во училишниот ходник, а под нив се поставени корпи во кои треба да се селектира отпадот:...

Continue reading

nivo na ezero

Македонија и Албанија да се договорат за регулација на нивото на езерската вода

Post Views: 1 Намален водостојот на Охидскот Езеро. Нивото на езерото деновиве е на 17 сантиметри над дозволената кота. Според  Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат ваквата појава за овој период од годината била вообичаена. Но сепак Паноски смета дека нивото на езерото најмногу варира како последица на искористувањето на водите од сливот на Езерото за потребите  од електрична енергија на двете држави, Македонија и Албанија. „Секако дека во наредниот период ќе треба да внимаваме и на човековите активности бидејќи Охридското Езеро во најголем дел се третира за жал како акомулација...

Continue reading

den na proletta

О.У. „Григор Прличев“ го одбележа денот на пролетта

Post Views: 2 Денот на пролетта, денот на екологијата, децата од О.У. „Григор Прчичев“ го одбележаа со еко хепенинг во дворот на училиштето. Децата, покрај садењето, изведоа приредба, со пригодни песнички и рецитали за пролетта. Садењето на дрвца и цвеќиња, ликовните работилници на отворен простор и еко хепенинзите веќе прераснаа во традиција, вели Анастасија Настеска, психологот во ова основно училиште. Додава дека денешните  активности се во рамките на Еколошката кампања „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“, на Министерството за животна средина. Настеска нагласи дека...

Continue reading

Нула Отпад: Преку децата генерираме семејства со високо ниво на еко култура

Post Views: 17 „Нула Отпад“ Друштво за управување со отпад од Скопје во ОУ Дебарца од с. Мешеишта реализира едукација и започна  Еко акција за собирање на отпадни батерии. Настанот е по повод 22 Април Меѓународен ден на Планетата Земја. „ Нула Отпад“  оформи Еко катче обезбедувајќи за училиштето  голем сад за електронски отпад кадешто дечињата ќе имаат можност да ги селектираат отпадните батерии, како и едукативни постери. Наставниот кадар реализира инспиративни активности, вели Билјана Костадинова од “Нула Отпад“. „ Наставниците преку креативни активности и материјалите коишто им...

Continue reading

еко патрола

Eко патроли во ОУ „Св. Климент Охридски“

Post Views: 5   Во ОУ„Св.Климент Охридски„ со почетокот на второто полугодие започна и конституирањето на еко патролите во училиштето. Во првото полугодие била направена анализа за свеста кај учениците за фрлањето отпад на несоодветно место, со што било констатирано дека корпите за отпад од страна на учениците не се користат според целите предвидени во планот за работа на училиштето. Поради тоа во училиштето започнаа со работа Еко патролите кои ги сочинуваат ученици од II-VIII одделение. „Нивната задача и цел е да се подигне свеста за природата и чистотата на училиштето, а со тоа...

Continue reading

ОН со најсериозно предупредување за целиот свет

Post Views: 0 Луѓето за некоја година би можеле да се пробудат во свет кој не го познаваат, опасен и тежок за живот, кој ќе го направат климатските промени – предупредуваат научниците. Човештвото има само уште неколку години да ги спречи последиците од климатските промени кои ќе донесат најекстремни временски прилики и делови од светот ќе ги направи невозможни за живот, наведено е во документот на Обединетите нации. Во извештајот кој го направиле 772 научници се истакнува дека емисијата на гасови, ако под итно не се намали, ќе доведе до значително подигање на нивото на морињата и...

Continue reading

recepcija

На охридското крајбрежје нема нити еден зелен хотел

Post Views: 3 На охридското крајбрежје нема нити еден зелен хотел. Хотелите тешко се одлучуваат да ги добијат  еколошките ознаки иако многу од нив ги имаат имплементирано еко стандардите во хотелите,  напоменува Владо Каровски од одделението за стандарди при Министерството за животна средина и просторно планирање. Каровски нагласува дека нивното министерство има изработено Правилник за еколошко означување кој е усогласен со европскиот. „ Генерално гледано има  интерес, јавувања, информирање. Одржани се состаноци  и други презенатции со  Стопанските комори, со Здружението на туристички...

Continue reading

den na VMRO

Охрид го одбележа Денот на македонската револуционерна борба

Post Views: 5   Охрид го слави Денот на македонската револуционерна борба. По тој повод, Општинската организација на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца, делегација на Општина Охрид како и претставници на политичките партии ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ, положија свежо цвеќе пред бистите на македонските револуционери во градскиот парк. Во рамките на одбележувањето на денот кога точно пред 120 години во Солун беше основана Внатрешно Македонската Револуционерна Организација , општина Охрид организира и велосипедска трка која се одвиваше низ улиците на централното градско подрачје. Стартот го...

Continue reading

eko ucilista

Охридските образовни институции континуирано работат на еколошката свест

Post Views: 2 Интернацоналното собрание на национални оператори од земјите членики на светската фондација за еколошка едукација се одржува во Охрид.  По тој повод видни гости од цел свет, екологисти и научници кои ја промовираа еколошката програма ги посетија градинката Јасна Ристеска и основното и средното училиште Св. Климент Охридски.  Охридските образовни институции кои континуирано работат на зголемување на еколошката свест ќе можат да користат средства од европски фондови. Градинката во еко проектот е вклучена од 2009 год. „Цртежите на тема екологија постојано се присутни во...

Continue reading

ucilista

Училиштата подготвени за школската година

Post Views: 43 Учиштата се подготвуваат за почетокот на школската година. Пред ширум да ги отворат вратите за учениците, се гланцаат дворовите, но и училишните простории. Додека учениците одмараа во училиштата се работеше. Генерално сите општински училишта преку локалната добија помош од Јавните претпријатија. „Изградивме парк со забавни реквизити за најмладите. Посадивме садници, цвеќиња. Нашите ученици во акција ги избоија бетоните во зелена боја. Исековме дрва кои беа со дозвола и нашите вработени изработија клупи и столчиња во еко стилот. Изработивме од рециклирани матријали,...

Continue reading

velosipedist

Велосипедска трка за хумани цели

Post Views: 0 По повод „Денот на езерото“, 21 јуни, Велосипедскиот клуб „Еко Дром“, традиционално по четврти пат ја организира рекреативната кружна тура околу Охридското Езеро. Оваа тура Охрид – Струга – Поградец ,сеуште не може да да има професионален карактер, поради недостиг на финансиски средства вели Александар Јовановски од „Еко Дром“, но сепак како организатори се потрудиле годинава да воведат новина.   „Новинка оваа година е моментот и соработката која што нашиот клуб веќе подолг период ја има со Црвениот Крст од Охрид, дојдовме на идеја овој настан да добие малку...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top