Охрид го одбележа Денот на македонската револуционерна борба

Продолжија активностите на Општина Охрид  за одбележување наДенот на македонската револуционерна борба. Денес беше положено свежо цвеќе пред бистите на македонските револуционери во градскиот парк, а исто така се одржа и традиционалната велосипедска трка во чест на Благо Мостро.

 |  Николоска Биљана  | 
den na VMRO
ден на ВМРО

 

den na VMROОхрид го слави Денот на македонската револуционерна борба. По тој повод, Општинската организација на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца, делегација на Општина Охрид како и претставници на политичките партии ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ, положија свежо цвеќе пред бистите на македонските револуционери во градскиот парк. Во рамките на одбележувањето на денот кога точно пред 120 години во Солун беше основана Внатрешно Македонската Револуционерна Организација , општина Охрид организира и велосипедска трка која се одвиваше низ улиците на централното градско подрачје. Стартот го означи советникот Климе Шешоски.  

„По повод 120 години од македонската револуционерна борба Локалната самоуправа заедно со Советот на град Охрид, реши да одржи една традиционална велосипедска трка, заедно со македонската велосипедска организација и охридскиот велосипедски клуб ЕКО- ДРОМ, да го одбележи празникот на еден најдобар начин симболично и да даде допринос да сите млади да учествуваат на едни вакви спортски настани и да  продолжиме традиционално со одбележување на празникот“.

den na VMROТехничкиот организатор на трката  Велосипедскиот Клуб ЕкоДром Охрид. потсети дека денес уште два други настани доживуваат свој јубилеј, 80 години од формирањето на првиот велосипедски клуб во општина Охрид по иницијатива на Благо Мостро и 100 години од неговото раѓање.

„Врз наше барање Клубот ЕКО – ДРОМ како технички организатор од општина Охрид и Локалната самоуправа ја добивме поддршката за организирање на една ваква манифестација преку која се трудиме на некој начин да ги сполотиме празниците преку спортот за општ развој на најмладите дечиња. Со овој натпревар всушност ја заокружуваме сезоната за 2013 и ќе бидат прогласени најдобрите“.   

На велосипедскиот натпревар учество зедоа 33 велосипедисти од 11 клубови од Македонија. За првите три места, организаторот, клубот ЕкоДром од Охрид обезбеди медали.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top