ЕКО-активности на СВР Охрид

По повод 5-ти Јуни, светскиот ден на животната средина, секторот за внатрешни работи Охрид, ќе спроведе превентивна позитивна акција во која, во соработка со Здружението на возачи-Охрид и авто-мото друштво „Технички преглед на возила“-Охрид, врз товарните и патничките возила ќе се врши контрола на системот на испуштање на согорени гасови и користење несоодветно гориво.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
Лого

сврПо повод 5-ти Јуни, светскиот ден на животната средина, секторот за внатрешни работи Охрид, ќе спроведе превентивна позитивна акција во која, во соработка со Здружението на возачи-Охрид и авто-мото друштво „Технички преглед на возила“-Охрид, врз товарните и патничките возила ќе се врши контрола на системот на испуштање на согорени гасови и користење несоодветно гориво.

За таа цел, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, на улицата „7 ноември“ кај Здружението на возачи, ќе постави контролен пункт и ќе врши контрола и упатување на возила на вонреден технички преглед.

Полициските службеници ќе извршат и други еко-активности за расчистување на и разубавување на полициските станици на целото подрачје на СВР Охрид.

Со овие активности, како обид за подигнување на еколошката и безбедносната култура кај учесниците во сообраќајот, СВР Охрид дава придонес и се вклучува во одбележувањето на 5-ти јуни светскиот ден на животната средина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top