• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Населбата „Охридати“ наместо со елитни еко катчиња оставена со несредени површини и отпад

Населбата „Охридати“ наместо со елитни еко катчиња оставена со несредени површини и отпад

Населбата „Охридати“ е оставена со несредени патни површини и отпад, реагираат жителите. Од локалната велат дека ќе пристапат кон уредување на просторот.

 |   | 
Населбата „ Охридати“ која се наоѓа во близина на Охридското Езеро оставена со несредени патни површини. Жител на населбата до нашата редакција испрати фотографии и реагираше дека наместо елитни еко катчиња сликата на населбата е отпад и нечистотија.
-По три децении сеуште ги нема елитните еко катчиња. Наместо нив гледаме несредени дворни површини и делови кои се гушат во отпад и нечистотија и напукнати улички по кои секој ден минуваат автомобили и се движат жителите на урбаната населба „Охридати“.-реагираше Васко Рубаноски, жител на населбата.
Во објавата се додава дека глетката остава полни раце работа за надлежните служби кои треба да се погрижат за овој кварт. Од Општина Охрид велат дека во текот на оваа недела ќе се пристапи кон уредување на просторот. Портпаролот Томе Џамтоски истакна дека знаат дека овој проблем се провлекува подолго време, но дека работите во градот се изведуваат по програма за работа и приоритети за работа.
-Не можам да ветам дека ќе има поголеми асвалтирања на тој простор она што е неспорно е дека нашите служби од она што е таму затекнато како смет и неуредени површини, ќе биде подигнат сметот, ќе бидат уредени површините и доколку се има можност ќе има некои помали градежни работи-додава Џамтоски за ТВМ.
Фотографиите до нашиот медиум беа испратени во рамки на „Ти си твојот град“.
 
 
Новинар: Кристина Алексиеска
 
 
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top