ЕКО ФАПОТ ја среди дивата депонија на улицата „Јордан Мијалков“

На иницијатива на „ЕКО ОХРИД“ викендов беше реализирана еко акција за средување на просторот на дел од улицата „Јордан Мијалков“ кој веќе неколку години наназад прерасна во депонија.

 |   | 

На иницијатива на „ЕКО ОХРИД“ викендов беше реализирана еко акција за средување на просторот на дел од улицата „Јордан Мијалков“ кој веќе неколку години наназад прерасна во депонија.

Со помош на ЕКО ФАПОТ од страна на урбаните херои Марија Трајкоска, Дуле Трајкоски, Велентин Христовски, Пецо Павлоски, Кире Павлески викендов беа подигнати повеќе од десет кубни метри и9нертен и комунален отпад од оваа локација.

Пред две години директорот на ЈП „Охридски комуналец“ за ТВМ изјави дека депонирањето шут на овој потег се интензивирало кога се донесла одлука за забрана за депонирање на градежен шут на депонијата Мауцкер, а дека од истата локација градското јавно претпријатие кое се грижи за комуналната хигиена, по договор со Фондот за комунален развој при општина Охрид, подигнало речиси 150 метри кубни градежен шут, но тоа било само времено решение.

Оттогаш продолжи девастацијата на овој простор и одлагањето на инертен и комунален отпад, па така добредојдени се сите активности од ваков вид од страна на еколошки свесни граќани кои безрезервно помагаат во подигање на еколошката свест кај нас и пред се подобрување на средината во која живееме.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top