Ознака: водовод

lakocerej

Жителите на Горно Лакочереј конечно добија вода за пиење

Post Views: 4 Жителите на Горно Лакочереј конечно добија вода за пиење. После речиси три години голгота, низ нивните чешми потече течноста што живот значи. 176 домаќинства, колку што има во ова село сега се приклучени на градскиот водовод. Синоќа кога потекла водата низ славините за нив било вистински празник, вели Климе Тренески, претседателот на МЗ Горно Лакочереј. Тренески потсетува дека овој проблем започнал откога биле исклучени од водоводот од кој се снабдувале, а е во сопственост на Емо. Мештаните години наназад барале решение за нивниот голем проблем, па дури самоиницијативно...

Continue reading

poplava Struga

Поплавени подруми, а Р.Е Водовод не интервенира

Post Views: 2 По улица „Климетица“ во Струга шест дена тече вода, а надлежните од Р.Е Водовод не интервенираат. Граѓаните како што е ред најпрво решение за проблемот побарале од МЈП Проаква и случајот го пријавиле до надлежните служби во ова ЈП. Откако никој не излегол на терен за да го отстрани дефектот, се обратија и до нашата редакција.Во дописот испратен до ТВМ  стои дека целата улица е во хаотична состојба, а најлошо од се е што сите околни куќи кои поседуваат подрумски простории се полни со вода за пиење. За да се увериме излеговме на терен, каде констатиравме дека жителите...

Continue reading

biljanini izvori

Охриѓани не се жедни

Post Views: 6 Градот може да се пофали со добар квантитет и квалитет на вода за пиење. Охриѓани не се жедни. Пијат микробиолошки  и хемиски исправна вода, но со променлив квалитет. Ова е коментарот на д-р Атанско Михаилов  од Центарот за јавно здравје за тоа каков е квалитетот на водата која тече низ градскиот водовод. „Има периоди кога квалитетот на водата  по хемиски состав е поблиска до највисоките класи  вода, но има периоди кога заради видот на доток на подземните води и место положбата на бунарите, квалитетот се менува“, објаснува Михаилов. Од МЈП „Проаква“, нагласуваат,  водата...

Continue reading

logo

„Нискоградба“ остана со кратки ракави

Post Views: 1 Одржувањето на дел од водоснабдителниот систем Од ЈП „Нискоградба Охрид“ преминува во МЈП „Проаква“. Официјално ова треба да биде потврдено е на Седницата на Општина Охрид која ќе се одржи во четврток. Ова се јавило како потреба по направените сондажи во двете претпријатија. Раководителот на РЕ „Водовод, канализација и колектор, Струга“, Ваит Ајро вели дека се докажало дека пред две години се направила голема грешка кога се одлучило со дел од водоснабдителниот систем во Охрид да стопанисува „Нискоградаба“. „Јас лично бев против да се превземат одредени услуги од МЈП...

Continue reading

kopano

Колку брзо ископаните улици треба да се вратат во првобитната состојба?

Post Views: 5 Низ Охридските улици масовно се работи. Прекопи за канализација, водовод, оптички кабли, струја. Иако веројатно ве радува фактот што градот оди напред со технологијата, некако задоволството спласнува откако ваквите зафати ќе се завршат. Причината едноставна, улицата или тротоарот најчесто не се враќаат во првобитната состојба или пак ако се вратат, тоа е неквалитетно направено. Раководителот на општинскиот инспекторат, Танас Танасоски ни кажа дека постои законска обврска изведувачот да го врати прекопот во првобитната состојба, но дали постои временски рок во кој тоа...

Continue reading

voda

Водата од градскиот водовод исправна за пиење

Post Views: 10 Место за паника и страв нема смируваат одговорните луѓе од двете институции кои ја контролираат водата за пиење од градскиот водовод,  по зачестените реакации дека водата во охридскиот водовод има сомнителен квалитет. Многу граѓани се жалат дека водата од градскиот водовод во изминативе денови имала чуден мирис. Од МЈП „Проаква“ упатуваат  смирувачки тонови дека водата за пиење од градскиот водовод нема сомнителен квалитет, таа е микробиолошки и бактериолошки исправна вели Владимир Алексиоски , одговорен за испитување на квалитетот на  водата од Проаква.    Мостри за...

Continue reading

sednica

Работењето на јавните претпријатија на тапет

Post Views: 1 Продлабочување на проблемите во РЕ „Водовод“. Дали е дојден крајот и до кога ќе тоне оваа единица. Претпријатието трпи 25 милиони загуба или 300%, во споредба со минатата година. Ова го зборуваат податоците на шест месечниот извештај од работењето на оваа единица, забележува Јованка Дамоска Секулоска советничката на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид. Таа рече дека треба сериозно да се загрижиме за понатамошното функционирање на претпријатието, како и тоа дека се налага потреба од итно детектирање на причините поради овие проблеми, за да се решат.Ние укажавме дека со формирањето...

Continue reading

Proakva

Општина Охрид со уште едно ново ЈП

Post Views: 19 Се е подготвено за формирање на новото ЈП „Водовод Охрид“, Охрид. Како 14 точка на дневен ред за утрешната седница на Советот на општина Охрид, е закажана предлог-одлуката за основање на новото ЈП за собирање, обработка и снабдување со вода. Со ова се реализира најавата на градоначалникот на Охрид Александар Петрески, кој пред нецели два месеци за ТВМ  образложи зошто се налага потребата од формирање на ново ЈП. Покрај тоа, Петрески уште тогаш го спомна и името на  директорот на новото ЈП. „Точно е тоа, дека од порано сме договорени кога ќе се формира ЈП „Водовод Охрид“,...

Continue reading

VMRO-NP

Конкретен проект за решавање на проблемите со водоснабдување на Општина Охрид

Post Views: 2 Капитален проект, со кој би се решил проблемот со водоснабдувањето во Охрид. Од О.О на ВМРО Народна велат дека станува збор за изградба на нов водовод во должина од 25 км. Со овој водовод, капацитетите на извориштето Дувло, од атарот на Сел.Свиништа како и на изворите на Коселска река ќе бидат искористени за водоснабдување на селата кои гравитираат по течението на Коселска река, како и на Општина Охрид. Костоски вели дека изворите се со капацитет од 135-2000 л/с. Станува збор за квалитетна вода чиј состав не е толку богат со варовник, со чија помош ќе се реши водоснабдувањето...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top