Охриѓани не се жедни

На светот му се заканува недостиг од вода ама не и на охриѓани

 |  Валентина Неловска  | 
biljanini izvori
биљанини извори

Градот може да се пофали со добар квантитет и квалитет на вода за пиење. Охриѓани не се жедни. Пијат микробиолошки  и хемиски исправна вода, но со променлив квалитет. Ова е коментарот на д-р Атанско Михаилов  од Центарот за јавно здравје за тоа каков е квалитетот на водата која тече низ градскиот водовод.

„Има периоди кога квалитетот на водата  по хемиски состав е поблиска до највисоките класи  вода, но има периоди кога заради видот на доток на подземните води и место положбата на бунарите, квалитетот се менува“, објаснува Михаилов.

biljanini izvoriОд МЈП „Проаква“, нагласуваат,  водата од градскиот водовод ги минува сите филтри  на секојдневна проверка. Водата за пиење е според стандардите на Правилникот за користење вода. На градот засега не му се заканува ни сериозна опасност од недостиг на вода. За нормално водоснабдување на Охрид му се потребни  400 литри вода во секунда кои ги има во моментов. Во шпицот на летнатата сезона таа количина се движи над 500 литри во секунда со вклучување на двете пумпни станици во Метропол. Сушниот период кој го имавме во текот на минатата година се одразија на издашноста на изворите, но  најдрастичен пример беа  Билјаните извори вели директорот  на МЈП „Проаква“, Златко Старкоски. Билјаните извори кои секнаа, деновиве повторно протекоа, а се потврди нашата теза дека ние не ги акумулираме за нашите потреби, нагласува Старкоски.

„Водата во изворите не ја стопиравме, а нити ја   стопанисувавме, тоа беше недостиг од вода. Капцитетот  беше со помалку од 30 литри секунди вода, а сега има над 80 литри вода, па има вода и за Хидробиолошки и за Проаква и за Билкајните извори, нагалсува Старкоски.  

За да се надминат било какви идни проблеми во водоснабдувањето на градот постојано се трага по  решенија за нови извори. Последните проблеми кои ги предизвика сушата ги принудија   вработените од Проаква деновиве да отпочнат со тендерска постапка за испитувања на нови терени со извори од Бејбунар до Хидрибиолошкиот завод,  потенцира Старкоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top