Ознака: водовод

Штрајк на вработените во Водовод, Струга

Post Views: 1 Шест месеци без здравствени картони и без плата не се живее, реагираат вработени на Р.Е. „Водовод“ Струга. Тие денес својот револт и јавно го изразија преку протест барајќи од одговрните излез од кризата која веќе подолг временски период владеела во ова ЈП. Како што изјави Блерим Ала денес оствариле разговор со дел од менаџерскиот тим на струшкото ЈП и побарале веднаш да им бидат исплатени 3 плати како и здравствено осигурување за да можат да се лекуваат. „Не земаме ниту картони ниту плата ниту ништо. Платата ни ја делат по 10, 1000 денари 15 денари исто како питачите...

Continue reading

Живописното планиско село Горно Коњско е без водовод

Post Views: 12 Селото Горно Коњско има 30 постојани жители кои со вода за пиење се снабдуваат од бунари кои ги има скоро секое домаќинство. Со климатските промени во месеците јули, август и октомври кога има сушен период бунарите многу често остануваат без вода. Жителите се бават со земјоделство и сточарство, а во последните години се развива и етно туризмот. Селцето е на само десетина километри од Охрид, а на 4 км од хотел Метропол на западната страна од планината Галичица. Ова живописно планинско селце на 1050 метри надморска висина плени со прекрасната околина и видикот кон Охридското...

Continue reading

Водовод Охрид ќе поставува бар кодови за полесно читање на водомерите

Post Views: 4 Од МЈП Проаква Струга Р.Е. Водовод ги известуваат сите корисници на водоснабдителниот систем со кој стопанисува јавното претпријатие, дека ќе започне со имплементација на новиот проект кој се состои од монтажа на картички со бар кодови. За таа цел потребно е да се обезбеди непречен пристап до водомерните броила, односно соработка од потрошувачите. Преку поставување на овие бар кодови ќе се овозможи полесно, точно и наверемено читање, а со тоа и поголема заштита на корисниците.-информираат од Р.Е. Водовод-Охрид. Екипите на МЈП ПРОАКВА се на терен и веќе започнаа со имплементација...

Continue reading

Водата од градскиот водовод е со добар квалитет за пиење.

Post Views: 3 Последните испитувања на мостри со вода за пиење од градскиот водовод и површинските води во Охрид покажале дека се со добар квалитет. Во охридската водоводна мрежа нема индикатори за нарушување на квалитетот на водата за пиење, информира Сашо Точков директор на ЦЈЗ. Она што загрижува, а не е ново, што во водоснабдувањето со водата за пиење се селските водоводи продолжува практиката да не се употребува средство за хлорирање. Во селските водоводи 70 посто од водата е со добар квалитет, но 30 посто од земените мостри во селата покажауваат дека нема средство за хлорирање...

Continue reading

Акција на „Водовод“ за пронаоѓање на нелегални приклучоци

Post Views: 3 По мноштвото реакции од корисници поради недостиг од вода за пиење и неколкуте апели за рационално користење на водата посебно во периодот со ектремно високи температури, се известуваат корисниците на водоснабдителениот систем со кој стопанисува ЈП ВОДОВОД Охрид, дека во тек е акција за пронаоѓање на нелегални приклучоци и контрола на водомерните броила, велат од ЈП Водовод Охрид. Се предупредуваат сите корисници (посебно од околината на Охрид каде што има земјоделски насади ), кај кои на лице место ќе се затекне водомерно броило со недостатоци (броило без пломба или...

Continue reading

Ѓубре на патот кај ЈП Водовод и Билјанини извори

Post Views: 9 Наша сограѓанка ни испрати слики во склоп на „Ти си твојот град“ од улицата која води кон ЈП Водовод и ресторанот Билјанини извори. Таа остави и коментар во кој вели: Нашата ниска еколошка свест, овој пат „уловена“ на патот кој води кон ЈП Водовод и ресторанот Билјанини извори. Овој потег се користи како паркинг за автомобили и автобуси, а ѓубрето најчесто завршува во зеленилото покрај патот. Нема корпи за отпадоци па би било добро да се постави табла која ќе ја разбуди свеста на посетителите дека ѓубрето треба да си го понесат со себе и да го фрлат во најблискиот контејнер...

Continue reading

logo

Денес без вода жителите од улицата „Живко Чинго“ во Охрид

Post Views: 2 Поради промена на главен водоводен вентил, ќе има прекин во водоснабдувањето на жителите од улицата „Живко Чинго“ во Охрид, велат од МЈП „Проаква“, Р.Е „Водовод“. Од претпријатието објаснуваат дека прекинот во водоснабдувањето ќе биде во периодот од 9-12 часот. {loadposition content9}

Continue reading

vodomer

Охриѓани не добија електронски водомери

Post Views: 0 Охриѓани не добија електронски водомери. Проектот за замена на стари водомери со нови за далечинско отчитување не се реализира во Охрид. Целта на проектот беше граѓаните секогаш да добиваат точни а не паушални сметки за потрошена вода, навремено детектирање на аномалии во водоводниот систем , кражби на вода и дефекти. Инкасаторите не требаше повеќе да влегуваат во домовите туку со посебен апарат состојбата на броилото да ја отчитуваат од далечина од 200 до 300 метри. Нови електронски водомери од почетокот на проектот во градов биле инсталирани само во една зграда, открива...

Continue reading

проаква

Правните лица сметките за вода ќе ги добиваат по електронски пат

Post Views: 0 Од неодамна МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид воведе електорнска достава на фактурите за правни лица. Од јавното претпријатие велат дека  доставата, првенствено, ќе се врши на службените е-маил адреси преземени од Централен регистер на Македонија. Корисниците на услугите, должни се да дадат изјава за согласност за електронска достава на фактурите, која ќе биде доставена заедно со фактурата за месец март 2015 и фактурите за месеците што следат. Истата може да се пополни во дирекцијата на МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид како и во наплатните центри „Трудбеник” и „Корзо”. {loadposition...

Continue reading

Раскопани улици по интервенциите на Водовод, фирмата задолжена за санација доцни

Post Views: 4 Раскопани улици и  несоодветно  санирани дупки по охридските улици зјаат со месеци. ЈП „Водовод“ ја поправа водоводната мрежа, но зад себе остава неуредени улици, се жалат граѓаните. Во рамките на проектот „Ти си твојот град“ , што го спроведува ТВМ телевизија голем број граѓани ни испратија фотографии и се пожалија на несанирани  дупки на повеќе локации во градот. Улицата „Богомилска“  една од локациите кои ни ги детектираа граѓаните. По зафатот на „Водовод“  овде зјаат две поголеми дупки на улицата,  кои претставуваат проблем за граѓаните. Одговор побаравме од ЈП...

Continue reading

centar za javno zdravje

Охрид и Дебар имаат безбедна вода за пиење, но не и делови од Струга

Post Views: 2 Охриѓани пијат исправна вода. Но тоа не може да се каже и за стружани и за жителите на Дебрца. Центарот за Јавно здравје Охрид континуирано ја следи состојбата со квалитетот на водата во регионите на Охрид, Струга и Дебар, особено со почетокот на обилните врнежи од дожд и снег кои го зафатија охридско – струшкиот регион од 01. февруари. Водата од градскиот водовод во Охрид ги задоволува законските стандарди за безбедена вода за пиење, нагласува директорот на ЦЈЗ Атанаско Михаилов. „Охрид има безбедна вода за пиење по сите параметри и хемиски и микробиолошки. Примероците...

Continue reading

cevki

За пет години во Охрид целосно ќе бидат заменети азбестните цевки

Post Views: 13 Во Охрид има 28 километри незаменти азбестно-цементни водоводни цевки. Поголеми потези опфатени со вакви цевки сеуште има на ул „Гоце Делчев“ од амбуланта Воска до Подмоље, на бул. Туристичка на потегот од стара царина до влезот на Охрид. Од ЈП Водовод велат дека азбестните цефки треба да бидат  целосно отстранети во следните пет години. Според податоците на РЕ Водовод Охрид во далечната 1960 до 1972 година на територијата на општината биле монтирани околу 53 километри азбестни цевки. Од тогаш па наваму како што појаснува раководителот Сашо Сотироски со МЕАП проектот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top