Охриѓани не добија електронски водомери

Јавното претпријатие Проаква, Р.Е. „Водовод“, не може да го реализира проектот за замена на водомерите со нови електронски за далечинско отчитување. Од започнувањето на овој проект пред неколку години само станарите на една зграда во Охрид добиле нови водомери. Од Водовод велат дека проектот е добар но ќе почека подобрување на финансиската моќ на Проаква.

 |  Николоска Биљана  | 
vodomer
водомер

vodomer

Охриѓани не добија електронски водомери. Проектот за замена на стари водомери со нови за далечинско отчитување не се реализира во Охрид. Целта на проектот беше граѓаните секогаш да добиваат точни а не паушални сметки за потрошена вода, навремено детектирање на аномалии во водоводниот систем , кражби на вода и дефекти. Инкасаторите не требаше повеќе да влегуваат во домовите туку со посебен апарат состојбата на броилото да ја отчитуваат од далечина од 200 до 300 метри. Нови електронски водомери од почетокот на проектот во градов биле инсталирани само во една зграда, открива за ТВМ, раководителот на финансии во Водовод, Никола Нестороски. Но и таму сеуште инкасатор на лице место практично ги отчитува водомерите. Тој ја посочи прчината зошто проектот не продолжил во целост.

vodomer„Во овој момент не располагаме со таква финансиска моќ да можеме да извршиме замена на водомерите со водомери со електронско отчитување. Сепак тенденцијата останува за во иднина, но во овој момент не сме во можност но ги сервисираме со акции сите водомери кои се расипани на дојава на сите потрошувачи кои што се редовни плаќачи спрема нас“ – вели Нестороски.

Иднината е во електронските водомери поради многуте позитивни работи кои се поврзани за нив, велат од Проаква. Доколку примената на електронско отчитување би се ставило во една законска рамка посебно за објектите кои допрва треба да се градат од тоа голема корист би имало ова јавно претпријатие. Во моментов Проаква ги користи законските прописи кои дозволуваат испраќање на фактури на електронски начин.  Р.Е. Водовод започнувајќи од овој месец заедно со фактурите во пишана форма доставила формулар за барање до сите претпријатија кои се заинтересирани да ги добиваат сметките на електронски начин.

vodomer„Се сосотои од сите податоци неопходни кои што треба да ги заверат и потполнат како би имале точни имејлови, за да можеме да им ги праќаме на тој начин. Сите сметки се однесени истовремено заено и со барањата веќе почнавме да добиваме позитивни барања кои што кога ќе ги комплетираме заедно со одделението за автоматска обработка на податоците ќе преземеме активности и за електронско доставување на овие фактури кон правните лица кои што тоа го прифаќаат“– изјави раководителот на финансии.

Нестороски информира дека досега задоволни се од интересот, но за процентот на прифатеноста на проектот, би можело да се зборува на крај од месецот. Инаку, предноста од електронскиот начин на доставување фактури е обостран, кај ЈП од аспект на трошоци, брзина и сигурност на достава на фактура кај претпријатието. Додека пак фактурите на фирмите им стојат на располагање да можат  да ги сервисираат побрзо.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top