Ознака: водовод

Црн Дрим Струга

Забранета за пиење водата од градскиот водовод во Струга

Post Views: 10 Водата од градскиот водовод во Струга е загадена и не треба да се користи за пиење и лична хигиена, соопшти јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“. Како што е наведено во соопштението, загадувањето, настанало поради дефект во водоводната мрежа. Ги молиме сите граѓани да не конзумираат вода за пиење, за лична хигиена и производство на прехранбени производи до следното известување. Работните тимови на претпријатието се на терен, за да се реши проблемот – посочува ЈП „Водовод и канализација“ Струга.Екипите на претпријатието, работат со голем...

Continue reading

Марјан Ристески поставен за ВД директор на ЈП „Водовод“ Охрид

Post Views: 48 Со одлука на градоначалникот, Кирил Пецаков, за ВД директор на ЈП „Водовод“ Охрид е поставен Марјан Ристески. Ристески е дипломиран менаџер по царина и шпедиција. Има долгогодишно менаџерско искуство најпрво во приватниот, а подоцна и во јавниот сектор. Како директор на Државниот студентски дом „Никола Карев“ успеал од институција којашто била во згаснување да создаде стабилна и успешна установа. 

Continue reading

Полека се стабилизира матноста на водата од градскиот водовод во Струга

Post Views: 0 Четврт ден водата во Сруга е забранета за пиење. Иако се стабилизира матноста, која денес е во границите на нормалата ќе следат физичко- хемиски и микролошки анализи во Центарот за јавно здравје,   по што инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство  се очекува да ја тргнат забраната. „Ги информиравме  граѓаните да избегнуваат за користење водата. Останатите параметри на водата и физичко хемиски и микробиолошки беше во ред немаше загадување што е добар сигнал. Имавме мало миркобиолошко загадување на извориштето во Шум , но таму водата не се дезинфицира...

Continue reading

Небезбедна за пиење водата во градскиот водовод во Струга

Post Views: 3 Поради обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија подрачјето на општина  Струга дојде до нарушување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот матност. Од извршените мерења на водата за пиење од градскиот водовод во Струга, од страна на екипи на Центар за јавно здравје Охрид, претпладнево, 28ми номври, констатирана е зголемена матност во водата за пиење, со вредности значително поголеми од законски пропишаните. Поради тоа и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата од градската водоводна мрежа во Струга...

Continue reading

ЈП Водовод : Граѓаните да ги заштитат водомерите од мрзнење

Post Views: 9 Се известуваат корисниците на ЈП ВОДОВОД Охрид дека поради ниските температури кои ни претстојат во наредниот период, постои можност за разни дефекти на водомерните броила предизвикани од мрзнење. Поради тоа потребно е истите да се заштитат, како би се избегнале дополнителни трошоци за санација кои се наплаќаат од наша страна. Заштитата се врши со обвивање на водомерот со изолационен покров и покривање на шахтата со изолационен материјал (тервол или стиропор).

Continue reading

Состојбата со квалитетот на водата од градскиот водовод во Струга е нормализирана

Post Views: 0 Од Центарот за јавно здравје информираат дека Состојбата со квалитетот на водата од градскиот водовод во Струга е нормализирана. Објаснуваат дека вредноста на матноста е во граници на пропишаната и законски дозволена. Состојбата со квалитетот на водата од градскиот водовод во Струга по однос на параметарот матност е нормализирана, односно последните три последователни мерења на 6 мерни места во Струга и околината покажуваат дека вредноста на матноста е во граници на пропишаната и законски дозволена. Во тек е комплетна микробиолоска и хемиска анализа на сите параметри...

Continue reading

Микробиолошки е исправна водата за пиење од струшкиот водовод

Post Views: 1  Микробиолошки е исправна и не е загадена со бактерии водата за пиење од струшкиот градски водовод, покажаа денешните резултати од анализите на земените примероци вода . Во информацијата од охридскиот центар за јавно здравје стои дека стружани може да ја користат водата како здравствено исправна за пиење, во домаќинствата за одржување на лична хигиена,хигиена на раце, во производсто и промет на прехрамбени производи. Во изминатите денови стружани не смееа да ја употребуваат водата за пиење заради констатирана поголема заматеност од дозволеното според Правилникот за безбедност...

Continue reading

Донев: Градоначалникот Георгиески да ја повлече точката за нови вработувања во Водовод – Охрид

Post Views: 1 Од ВМРО ДПМНЕ бараат од градоначалникот Константин Георгиески да ја повлече точката за нови вработувања во ЈП „Водовод“ Охрид која е на дневен ред на Седница на совет закажана за во понеделник, 9 ноември. 18те нови вработувања според претседателот на ОК на партијата, Сашо Донев не се оправдани. „Во услови на КОВИД-19 пандемија кога жителите на улица „Абас Емин“ секојдневно се соочуваат со недостиг на вода за пиење и вода за лична хигиена, приоритет на директорот на ЈП „Водовод“ се нови 18 вработувања. Иако има над 250 вработени, Директорот на ЈП „Водовод“ баш сега...

Continue reading

Зголемена потрошувачката на вода за пиење во градскиот водовод

Post Views: 2 Потрошувачката на вода за пиење од градскиот водовод е зголемена. Тоа е резултат на зголемениот број на гости во градот, но и на расипничкото трошење на водата со полевање на бавчи и полнење на базени. Во текот на летната сезона се случува жителите од повисоките делови од градот, висококатниците и приградските населби да имаат намален притисок на вода за пиење од водоводниот систем, напоменува Светозар Стефановиќ, директор на ЈП „Водовод“„. „Да се поведе сметка околу рационалната потрошувачка на вода, во смисла на полнење на базени, залевање на паркови и бавчи со цел...

Continue reading

Делови од Охрид без вода, екипите од „Водовод“ на терен

Post Views: 5 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 09:30 часот ќе има неколку часовно прекинато водоснабдување на следните улици: „Марко Цепенков“, „Момчило Јорданоски“ , „1ва Македонска Ударна Бригада“ (на делот од Стобекс кон Рамне) , дел од „Сирма Војвода“ и дел од „АРМ“.

Continue reading

„ЈП ВОДОВОД“ со нови жиро сметки

Post Views: 7 Се известуваат сите корисници на услугите на ЈП Водовод Охрид дека со Одлуки на Советот на Општина Охрид и Советот на Општина Струга на ден 23.12.2019 год престана со работа правниот субјект МЈП ПРОАКВА и од 24.12.2019 год отпочна со работа новото јавно претпријатие ЈП Водовод Охрид   Се замолуваат сите корисници на услугите на ЈП Водовод Охрид да не вршат уплата на досегашните жиро сметки и своите уплати во иднина да ги вршат на новите жиро сметки за ЈП Водовод Охрид. Во прилог се новите жиро сметки: Стопанска Банка 200003531943622 Шпаркасе банка 250019000515505 Комерцијална...

Continue reading

Од денес самостојно ќе функционираат јавните претпријатија „Водовод“ – Охрид, „Водовод“ – Струга и државното јавно претпријатие „Колекторски систем“

Post Views: 2 Од денес самостојно ќе функционираат јавните претпријатија „Водовод“ – Охрид, „Водовод“ – Струга и државното јавно претпријатие „Колекторски систем“. На денешната седница Советот на Општина Охрид едногласно ја прифати предложената одлука за давање согласност на одлуката за потврдување на Планот за поделба на МЈП „Проаква“ и ја потврди Спогодбата за присоединување. На денешната триесет и шеста седница, Советот на Општина Охрид едногласно ја прифати предложената одлука за давање согласност на одлуката за потврдување на Планот за поделба на МЈП „Проаква“ од 04.11.2019 година...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top