Колку брзо ископаните улици треба да се вратат во првобитната состојба?

Оптички кабли, канализациони, водоводни мрежи. Низ градов засилено се вршат прекопи за сите овие намени. Но колку брзо ако и воопшто, прекопаните места се враќаат во првобитната состојба? Дали постои законски рок за да се направи тоа или граѓаните до бесконечност ќе ги избегнуваат дупките по улиците и тротоарите.

 |  Мишел Наумоски  | 
kopano
kopano

Низ Охридските улици масовно се работи. Прекопи за канализација, водовод, оптички кабли, струја. Иако веројатно ве радува фактот што градот оди напред со технологијата, некако задоволството спласнува откако ваквите зафати ќе се завршат. Причината едноставна, улицата или тротоарот најчесто не се враќаат во првобитната состојба или пак ако се вратат, тоа е неквалитетно направено. Раководителот на општинскиот инспекторат, Танас Танасоски ни кажа дека постои законска обврска изведувачот да го врати прекопот во првобитната состојба, но дали постои временски рок во кој тоа треба да се направи?

„Во одобрението за прекоп точно се одредува и денот, односно датумот кога треба да се врати прекопот во првобитна состојба. Тука имаме и исклучоци со оглед дека кога се работи повеќе за асфалтирање на тој мал дел што се врши приклучок, во зимскиот период. Во зимскиот период изведувачот е должен да го врати во првобитната состојба, обично тоа се врши со бехатон плочки, а во текот на пролетта треба да изврши асфалтирање на тој дел.“-рече Танасоски.

За поголемите зафати Танасоски вели дека се дава подолг рок за враќање во првобитната состојба, додека за помали зафати, како што се приклучоци за канализација или водовод, рокот е максимум 5 дена. Но, проблем според Танасоски не е само временскиот рок, туку и квалитетот на извршените работи.

iskopano„Во самото одобрение одредена е цената, колкава е цената за враќање во поранешната состојба, дали ќе е на метар или по кубик или на квадрат, точно се знае и цената и рокот на враќање во поранешната состојба во самото одобрение за прекоп и тој е должен да постапува по тоа одобрение. Во спротивно Фондот за патишта не информира нас дека прекопот не е квалитетен, тогаш ние преземаме соодветни санкции према лицето кое го извршило прекопот.“-вели Танасоски.

Сепак, невозможно е секогаш да се добие поранешниот квалитет на прекопот, па токму поради тоа постои и одредба според која субјектот кој го врши прекопот е должен да плати и за трајно оштетување на прекопот. Во зависност од метрите должни, се утврдува надоместокот за трајно оштетување кое се наплаќа по цена одредена од Советот на општина Охрид. Без разлика дали станува збор за ископините во населба Христо Узунов или оние на „Богомилска“, или било која друга улица, едно е јасно, сите изведувачи без исклучок имаат подеднаква обврска целосно да си ја завршат работата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top