Поплавени подруми, а Р.Е Водовод не интервенира

Шест дена во центарот на Струга тече вода, а надлежните не интервенират.

 |  Маленкова Татјана  | 
poplava Struga
Поплава Струга

По улица „Климетица“ во Струга шест дена тече вода, а надлежните од Р.Е Водовод не интервенираат. Граѓаните како што е ред најпрво решение за проблемот побарале од МЈП Проаква и случајот го пријавиле до надлежните служби во ова ЈП. Откако никој не излегол на терен за да го отстрани дефектот, се обратија и ulica Klimetica Strugaдо нашата редакција.
Во дописот испратен до ТВМ  стои дека целата улица е во хаотична состојба, а најлошо од се е што сите околни куќи кои поседуваат подрумски простории се полни со вода за пиење. За да се увериме излеговме на терен, каде констатиравме дека жителите на улица Климетица навистина имаат проблем.

Цвета Кочоска,  жител на ул. Климетица вели дека пред шест дена најпрво по телефон го пријавиле дефектот, а откако никој не интервенирал, нејзиниот внук и лично отишол до Р.Е да пријави. Кочоска додава дека дури денеска од Водовод и се јавиле од и и рекле помош за проблемот да побара кај повисоки инстанци.

Стапивме во контакт и со директорот на Работната единица Водовод Струга Ваит Ајро.  Не изненади неговата реакција при телефонскиот разговор, затоа sahta ulica Klimeticaшто не обвини дека медиумите вршат притисок врз него. Тој ни порача дека што граѓаните се обраќаат кај нас за изнаоѓање на решенија, тогаш ние да им го поправиме дефектот.

Директорот, нити пак некој од вработените не даде објаснување за каков дефект станува збор. Нашата екипа доби закани и забрана за снимање и покрај тоа што снимките ги правевме од јавна површина. Јавно го прашуваме директорот што значат заканите и автобилот кој беше нарачан да не следи додека ја обавувавме нашата задача.

Го потсетуваме директорот Ајро дека врши јавна функција и дека е должен да излезе и јавно да каже за каков проблем станува збор и секако час поскоро да изнајде решение за истиот.    
 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top