Конкретен проект за решавање на проблемите со водоснабдување на Општина Охрид

Капитален проект, со кој би се решил проблемот со водоснабдувањето во Охрид. Од О.О на ВМРО Народна велат дека станува збор за изградба на нов водовод во должина од 25 км.

 |  Крсте Голабовски  | 
VMRO-NP
ВМРО-НП

VMRO-NPКапитален проект, со кој би се решил проблемот со водоснабдувањето во Охрид. Од О.О на ВМРО Народна велат дека станува збор за изградба на нов водовод во должина од 25 км. Со овој водовод, капацитетите на извориштето Дувло, од атарот на Сел.Свиништа како и на изворите на Коселска река ќе бидат искористени за водоснабдување на селата кои гравитираат по течението на Коселска река, како и на Општина Охрид.

Костоски вели дека изворите се со капацитет од 135-2000 л/с. Станува збор за квалитетна вода чиј состав не е толку богат со варовник, со чија помош ќе се реши водоснабдувањето на селата Лескоец, Горно и Долно Лакочереј кои имаат пробелми особено во летниот период. Костоски додава дека останатото количество вода би се користело за водоснабдување на Охрид.

Од оваа партија апелираат до пратениците од останатите партии кои може да влијаат врз распределбата на буџетските средста, дел од нив да бидат одобрени за реализацијата на овој проект. Неговата економска оправданост е со вклучување на изградба на две хидроцентрали на извориштата, кои годишно е предвидено да носат профит од околу 160.000 евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top