Работењето на јавните претпријатија на тапет

Заврши продолжението на 40 сетата седница. Од околу триесеттина преостанати точки на дневен ред, 15 се изгласаа во 2 пакети, а само неколку од нив предизвикаа бурна расправа. Една од нив е Предлог одлуката за усвојување на финансискиот извештај на РЕ „Водовод“, Охрид за периодот од 01.01 до 30.06.2011 година.

 |  Билјана Николоска  | 
sednica
седница

sednicaПродлабочување на проблемите во РЕ „Водовод“. Дали е дојден крајот и до кога ќе тоне оваа единица. Претпријатието трпи 25 милиони загуба или 300%, во споредба со минатата година. Ова го зборуваат податоците на шест месечниот извештај од работењето на оваа единица, забележува Јованка Дамоска Секулоска советничката на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид. Таа рече дека треба сериозно да се загрижиме за понатамошното функционирање на претпријатието, како и тоа дека се налага потреба од итно детектирање на причините поради овие проблеми, за да се решат.
Ние укажавме дека со формирањето на новите ЈП проблемите само ќе се зголемат, вели Борис Стефаноски од ВМРО – ДПМНЕ. Тој побара менаџерите во најбрз можен рок да предложат мерки за спас на претпријатијата, а во спротивно да си поднесат оставка.
Во врска забелешките на советниците на ВМРО – ДПМНЕ, за извештајот за работа на РЕ „Водовод“, или МЈП „Проаква“, со свој став излезе Игор Блажески, првиот човек на претпријатието. Тој се обиде да ја образложи состојбата поради која претпријатието трпи загуби, а која датира од пред многу години.  Но тој потенцира да не се ставаат во исти кош сите околности.
Томислав Тунтев, советникот на СДСМ, рече дека  доблест е понекогаш да се признае вината, поради добро утврдените околности.
Во одбрана на сосотојбата на МЈП „Проаква“, застанаа поголемиот дел на советниците на СДСМ. Додека пак, дел на советниците на ВМРО –НП, сметаат дека треба во најбрз можен рок уште на наредната седница да се донесат санациони мерки. Најпозитивно беше прифатена, Предлог одлуката за усвојување на извештајот за работата на општинскиот инспекторат. Седницата започна со получасовно задоцнување, траеше нецели три часа, а се изгласаа околу 30 преостанати точки, со што заврши 40 сетата седница на Советот на општина Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top