Ознака: проблеми

Граѓаните кои имаат проблеми со авинското снимање да се обратат до канцеларијата на Народниот правобранител

Post Views: 0 Охриѓани кои имаат проблем со авионското снимање и нивниот имот не се поклопува со катастарските парцели по авионското  снимање се повикуваат во канцеларијата на  Народниот правобранител. Вакви проблеми со авионското снимање има во цела Македонија, вели државниот советник Зоран Бимбилоски. Смирува дека секој поединечен случај ќе биде разгледан. Потоа ќе се сугерира начинот како понатака да се постапува освен со парнична постапка, која изискува трошоци. Постои можност делумно со последните измени во Законот за катастар и запишување на права на надвижности да се сугерира...

Continue reading

За решавање на градските комунални проблеми охриѓани се обраќаат до сервисот за услуги во општината

Post Views: 6 Охриѓани за подобро комунално уреден град се обраќаат и до општинскиот сервис за услуги. Во изминатиов период барале решавање на проблеми од  урбанистичката сфера. Од секторот за урбанизам барале издавање на изводи од урбанистички планови, а од комуналниот сектор поставување на улично осветлување и замена на светилки, воспоставување на систенм на куќни броеви. Во обраќањата на граѓаните имало поплаки и  до комуналниот инспекторат, информира општинскиот портпарол Томе Џамтоски. „Најмногу барања има за постапување за подигање на градежен шут, пријави за незаконски дејствија...

Continue reading

Samsung Galaxy 6 има проблеми со RAM меморијата

Post Views: 0 Сведоци сме дека излегувањето на flagship паметните телефони секоја година носат мноштво на новитети и секој производител претставува нешто поразлично од претходниот модел што ќе го разликува од конкуренцијата.Така и овој пат е во случајот со Samsung и неговата нова Galaxy S линија. Спрема пишувањата на PcWorld.com, актуелниот модел предизвика голема медиумска прашина и пред почетокот на неговата продажба. Почетните резултати на продажбата ги оборија сите рекорди во кратко време, но сепак, за да не биде сѐ како што треба се погрижи неговата работна меморија (RAM 3GB)....

Continue reading

trkalezna masa-sindikati

Македонија на енергетски план, подготвена за ЕУ

Post Views: 1 Македонските енергетски компании се на добар пат кон Европската Унија. Овие два дена во хотел „Бисер“, во Струга, се одржува тркалезна маса со претставници на синдикатите од Југоисточна Европа. Тука се разменуваат мислења во делот на социјалниот дијалог за енергетските компании во регионот. Претседателот на Конфедерација на слободни синдикати Раско Мишковски рече дека денешниот состанок воедно е и подготвителен состанок на синдикатите, за наредните чекори за остварување на правата на работниците во делот на енергетските компании. Тој додаде дека секое искуство е добредојдено,...

Continue reading

skolo

Наставниот процес во општина Охрид тече без проблеми

Post Views: 3 Новата учебна година во сите општинските училишта во Охрид започна без проблеми. Нити еден од директорите на основните и средните училишта до општинскиот сектор за образование не пријавил било каков проблем со одвивањето на образовните активности. Од општинскиот сектор за образование, во кој нема општински иснпектор за образование, информираат дека се е во ред. Во прво одделение  стартувале 540 ученици, во основите училишта вкупно 4 898 ученици и 2 029 средношколци.  Случаи со  ученици чии родители не ги испратиле своите деца во задолжителното основно и средно образование...

Continue reading

Атлетскиот клуб „Охрид“ поради финанасиски проблеми може да згасне

Post Views: 2 На најстариот аматерски спортски клуб во градов му прети опасност од затворање. Атлетскиот клуб „Охрид“ кој е формиран уште во далечната 1977год и егзистира повеќе од 40 години, А кој е расадник на голем број атлетичари, поради финанасиски проблеми може да згасне. Блокирана е жиро сметката веќе 3-4 години и не гледаме излез дека може нешто да се направи единствено ако државата застане зад клубот или пак ако општината ни подаде рака па да излеземе од таа криза во која се наоѓаме моментално, вели Пецо Неданов- претседател на атлетскиот клуб „Охрид“. Атлетичарите од „Охрид“...

Continue reading

Proakva

Кочи работата во МЈП „Проаква“

Post Views: 1 МЈП „Проаква“години наназад никако да се спаси од бројните проблеми со кои се соочуваат двете општини, Охрид и Струга. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, најави дека до крај на неделата мора да оствари средба со охридскиот градоначалник и уште еднаш да разговараат за моменталната состојба на претпријатието, на кое според Мерко очигледно му треба спас. „Гледам дека во Охрид има некои проблеми, јас не ги знам сигурно дека градоначалникот и новиот директор тоа го знае. Но вака како што сме во едно претпријатие не можеме да постигнеме да ги решиме сите проблеми, бидејќи...

Continue reading

Ново лето, стари проблеми

Post Views: 6 Секоја летна сезона со старите добро познати проблеми во градскиот такси превоз. Низ охридските улици и летувалиштата долж крајбрежјето повторно има појави каде што одредени таксисти ги кршат законските прописи. Револтирани граѓани споделуваат различни непријатни искуства при превоз од некои охридски таксисти. Јавуваат за случаи каде што се наплаќа според клиентите кои се возат, се преземаат патници од автобуските постојки, не се издаваат фискални сметки, се вози и без уклучен таксиметар, а таксистите не се раслположени да возат на пократки реалции. Со цел намалување...

Continue reading

radozda

Слабо гости во Радожда

Post Views: 5 Жалосна слика за туризмот во Радожда. Оваа туристичка населба за која се смета дека е една од ретките места на охридското крајбрежје кое нуди мирен одмор и беспрекорна романтика, запоставена од надлежните. Несредените плажи кои се натрупани со ѓубре, зборува дека човечка рака воопшто не ги допрела. За очајната состојба со инфраструктурата и нерешениот проблем на приклучок кон колекторскиот систем и да не зборуваме. Овие проблеми им се добро утро добар ден на мештаните на ова струшко село и редовно укажуваат на овие проблеми години наназад. Радождани сметаат дека точно...

Continue reading

Екипите на Брза помош се соочуваат со проблеми

Post Views: 12 Охридската итна медицинска помош се соочува со години со стари проблеми кои влијаат на брзината на интревенциите. Се попречува влезот и излезот на амбулантните возила во кругот на Маларична од паркирани автомобили на бесплатниот паркинг. Возачите кои го користат паркингот гледаат само да најдат место за да ги паркираат возилата, а при тоа не размислуваат дека ја попречуваат работата на медицинските екипи. Овој паркинг го користат посебно туристите кои дознаа дека е бесплатен. Интервениравме неколку пати до сообраќајната полиција во изминатиов период, информира раководителката...

Continue reading

Поставувањето на новите билборди низ градов предизвика проблеми

Post Views: 1   На Булевар Туристичка, наспроти Охридска банка се подготвува локација за поставување нов билборд. Сопствениците на дуќаните и оние кои имаат простор под наем во стаклената зграда карши банката реагираат дека локалцијата на билбордот воопшто не е соодветна. Тој ќе го затскрива просторот и рекламите на дуќаните кои се наоѓаат во приземјето. Ние редовно плаќаме даноци кон локалната за тие дуќани и мислам дека не е коректно да поставува билборди на места кои не се соодветни, реагираат граѓаните. Тие додаваат и на тоа дека новиот билборд ќе пречи и во безбедноста на сообраќајот...

Continue reading

pomosh za Duka

Хуманост на вистинско место

Post Views: 9 Хуманитарна помош за потребите на Дукадинка Рајчиноска. Дука е 15 годишно девојче кое живее во струшката приградска населба Мислешево. Таа покрај тоа што се соочува со пречки во телесниот развој, три пати во неделата оди и на дијализа поради отежната работа на бубрезите. Луѓето велат се кине каде што е најтанко па така и кај малата Дука здравствените проблеми не се единствените причини за нејзината мака. Нејзиното семејство е во тешка материјална состојба. Поради тоа НВО „Езерка“ од Струга, години наназад не ги заборава, редовно ги посетува и ги помага со хуманитарна...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top