• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • За решавање на градските комунални проблеми охриѓани се обраќаат до сервисот за услуги во општината

За решавање на градските комунални проблеми охриѓани се обраќаат до сервисот за услуги во општината

За решавање на градските комунални проблеми охриѓани се обраќаат до сервисот за услуги во општината.

 |  Валентина Неловска  | 

Охриѓани за подобро комунално уреден град се обраќаат и до општинскиот сервис за услуги. Во изминатиов период барале решавање на проблеми од  урбанистичката сфера. Од секторот за урбанизам барале издавање на изводи од урбанистички планови, а од комуналниот сектор поставување на улично осветлување и замена на светилки, воспоставување на систенм на куќни броеви. Во обраќањата на граѓаните имало поплаки и  до комуналниот инспекторат, информира општинскиот портпарол Томе Џамтоски.


„Најмногу барања има за постапување за подигање на градежен шут, пријави за незаконски дејствија на одредени субјекти правни и физички лица , а се барало веднаш интервенција на инспекорските служби. Да  напоменам дека наши екипи се на терен за легализација на дивоградби. Тука има прилично голем број на барања за надополнување на веќе поднесената документација за решавање на нивниот проблем“, појаснува Џамтоски.  

  Граѓаните , пак кои не се обратиле до сервисот за јавни услуги укажуваат и на други пропусти на општинските служби и претпријатија кои треба да се решат, а со кои  охриѓани посакуваат почист и поуреден град.
 
„Контејнерите баздат, не можам да спијам. Тоа им забележувам што никогаш не ги измиле“, се жали охриѓанка.
Друга додава, „заблешка имам само на хигиената. Кога има туристи контејнерите се  преполни“.
„По тротоарите има сопки каде што имало знаци  или натписи се исечени и некаде 5 до 10 цм се испакнати па  луѓето се сопинаат. Има дупки , искршени бекатонки, да се поводи сметка“, препорачува граѓанин.
„Kако може  некаде да има тротоар па ресторани и луѓето да не може да се движат, да се обрне внимание“, набројува  друг граѓанин.
„Како туристички град нема автобуска стaница, затворен базен, Палас не е направен, за Охрид не е направено ниедно капитално дело“, смета друг согранин.

Сите забелешки и барања на охриѓани се во контекс дека во градот како светска туристичка дестинација  постојано треба да вложува во подбрување на инфраструктурата и одстранување на сите недостатоци.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top