Поставувањето на новите билборди низ градов предизвика проблеми

Поставувањето на новите билборди низ градов ги вознемири граѓаните. Дел од нив реагираат дека локациите не се соодветни и дека новите билборди посебно на Булевар Туристичка ќе ги затскријат рекламите и излозите на дуќаните, а ќе ја доведат во прашање и безбедноста на пешаците. Од Локаланата тврдат дека поставувањето на новите билборди е планско и според претходно утврдена програма.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

На Булевар Туристичка, наспроти Охридска банка се подготвува локација за поставување нов билборд. Сопствениците на дуќаните и оние кои имаат простор под наем во стаклената зграда карши банката реагираат дека локалцијата на билбордот воопшто не е соодветна. Тој ќе го затскрива просторот и рекламите на дуќаните кои се наоѓаат во приземјето. Ние редовно плаќаме даноци кон локалната за тие дуќани и мислам дека не е коректно да поставува билборди на места кои не се соодветни, реагираат граѓаните. Тие додаваат и на тоа дека новиот билборд ќе пречи и во безбедноста на сообраќајот бидејќи се поставува до самиот пешачки премин, а во сообраќајната студија која била изготвена пред неколку години стоело дека на булеварот не смее да има никакви билборди или поголеми реклками кои ќе ја намалуваат прегледноста во сообраќајот. Од Локалната пак убедуваат дека се што се прави е легално и по строго утврден план.

Не можеме да го спориме правото на секој граѓанин да си го каже своето мислење. Но јас морам да потсетам дека програмата за поставување н билбордите е донесена на совет. Предвидени се 45 локации и се е во согласност со правилата и прописите. Земена е во предвид и безбедноста во сообраќајот а Секторот за урбанизамврз основа на претходни анализи ги има утврдено локациите каде што ќе се поставуваат билбордите, вели  Томе Џамтоски-портпарол на локална самоуправа.

Тендерот за поставување билборди низ градов завршил уште на 26 март. На  јавното наддавање добиле четирите фирми; Кала плакат од Скопје, Лид комуникејшн -Скопје, Акцент медиа -Скопје и Балкан ауто Македонија од Тетово. Целата постапка била транспарентна со електронско наддавање така што нема простор за никакви сомнежи, тврдат од Локалната.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top