Слабо гости во Радожда

Туризмот во Радожда на маргините на пропаст. Несредени плажи преполни со ѓубре, лоша инфраструктура и неповрзаноста на колекторскиот систем, се основни виновници за таквата состојба.

 |  Билјана Николоска  | 
radozda
радожда

Жалосна слика за туризмот во Радожда. Оваа туристичка населба за која се смета дека е една од ретките места на охридското крајбрежје кое нуди мирен одмор и беспрекорна романтика, запоставена од надлежните. Несредените плажи кои се натрупани со ѓубре, зборува дека човечка рака воопшто не ги допрела. За очајната состојба со инфраструктурата и нерешениот проблем на приклучок кон колекторскиот систем и да не зборуваме. Овие проблеми им се добро утро добар ден на мештаните на ова струшко село и редовно укажуваат на овие проблеми години наназад. Радождани сметаат дека точно поради ваквата слика, туризмот тоне. Тие велат дека се помалку туристи доаѓаат во Радожда и секоја година опаѓа бројот на посетители, а како главен виновник за тоа ја посочуваат локалната самоуправа на општина Струга која ниту со малиот прст не мрднала да донесе некаква инвестиција во селото.

radozdaИ неколкуте туристи што престојуваат во Радожда, претежно од Србија, признаваат дека местото е идеално за мирен одмор. Но и тие не остана без коментар за несредените плажи. Кажаа дека тоа не е голема инвестиција но она што недостасува очигледно е добра волја на надлежните.

Индолентниот однос на надлежните е доволен показател дека грижа кај нив не постои. Останува нејасно на кој му одговара ретките места кои се сигурен потенцијал за развој на туризам, да ги турка во пропаст. Инаку Радожда е мало, погранично, рибарско село, 10 километри јужно од Струга. Местоположбата, бројните цркви, езерото и планината во вистинска смисла на зборот нудат солидна туристичка понуда, со добри цени, услуга и сместувачки капацитет.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top