Хуманост на вистинско место

Дукадинка Рајчиноска е полуматуранка. Таа денес доби хуманитарна помош од НВО „Езерка“ од Струга, облека и храна.

 |  Билјана Николоска  | 
pomosh za Duka
помош за Дука

pomosh za DukaХуманитарна помош за потребите на Дукадинка Рајчиноска. Дука е 15 годишно девојче кое живее во струшката приградска населба Мислешево. Таа покрај тоа што се соочува со пречки во телесниот развој, три пати во неделата оди и на дијализа поради отежната работа на бубрезите. Луѓето велат се кине каде што е најтанко па така и кај малата Дука здравствените проблеми не се единствените причини за нејзината мака. Нејзиното семејство е во тешка материјална состојба. Поради тоа НВО „Езерка“ од Струга, години наназад не ги заборава, редовно ги посетува и ги помага со хуманитарна помош. Овој пат Дука доби облека и производи согласно нејзините потреби во менито за исхрана. Претседателот на Езерка, Драгица Павлеска Попеска, вели дека оваа година нивното делување е посебно насочено, хуманитарно да помага на децата кои имаат здравствени проблеми.

pomosh„Дука ја познаваме одамна и денес решивме да ја посетиме бидејќи е осмо одделение и секојпат ќе  ја помагаме во рамките на нашите можности“, вели Попеска.

Неизмерна беше радоста на Дука кога не здогледа пред нејзината порта. Иако најнапред по малку се срамеше да се појави пред камерата, сепак таа храбро настапи и пренесе дел од нејзините импресии за тоа како се чуства како  полуматурантка.

Дука се пофали дека сака да работи и да помага и по дома. За состојбата на Дука, од „Езерка“ разбрале од нејзиниот татко и години наназад ги помагале. Овој хуман гест е добар повод да ги поттикне и останатите хумани луѓе да помогнат. Незавидната состојба на Дука е очигледна и не постои место за сомнеж.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top