Наставниот процес во општина Охрид тече без проблеми

Наставниот процес во општина Охрид тече без проблеми.

 |  Валентина Неловска  | 
skolo

Новата учебна година во сите општинските училишта во Охрид започна без проблеми. Нити еден од директорите на основните и средните училишта до општинскиот сектор за образование не пријавил било каков проблем со одвивањето на образовните активности. Од општинскиот сектор за образование, во кој нема општински иснпектор за образование, информираат дека се е во ред. Во прво одделение  стартувале 540 ученици, во основите училишта вкупно 4 898 ученици и 2 029 средношколци.  Случаи со  ученици чии родители не ги испратиле своите деца во задолжителното основно и средно образование нема. Школската година започна со сите потребни согласности за бројот на ученици во паралелките  и за вработувања на потребниот наставен кадар. Редовно и навреме се завршени сите тендери за организиран училишен превоз и за набавка на греење во школите, информираат од општинскиот сектор за образование. Нема пријавени  проблеми ни  со снабдувањето на учениците со книги. Во сите средни училишта нема вишок на наставен кадар, а тоа значи дека нема паралелки со недоволен број на ученици во средните стручни учиулишта, информираат од општинскиот сектор за образование.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top