Ознака: охридското

mitko

Светиот крст во рацете на Митко Топенчаров

Post Views: 0 Митко Топенчаров го фати светиот крст во осветените води на Охридското езеро. Тој беше најсреќен од околу 1000 млади луѓе од Охрид и  државава  и неколкуте гости капачи од странство. Оваа година крстот ќе му носи среќа на Митко, неговото семејство но и на целиот христијански свет. Топенчаров по петти пат го фаќа крстот на Водици. Околу 20.000 луѓе, православни верници од Охрид и од други делови на Македонија, но и гости од странство присуствуваа на чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.Со...

Continue reading

ezero

Владата одлучи, еден концесионер за трите природни езера

Post Views: 0 Со рибниот фонд на трите природни езера, ќе управува еден концесионер. Оваа одлука владата на Р Македонија ја донесе на последната седница на 27 декември. На средбата присуствуваше и претставник на Хидробиолошкиот институт кој ги изработи риболовните основи врз основа на кои ќе бидат издавани концесиите за стопански и рекреативен риболов. „На таа седница кога се дискутираше по однос на  проблемот на давање на концесиите на овие три природни езера и двете акумулации Шпиље и Тивеш беше донесена одлука врз основа на дебата која се разви од околу еден час и се донесе одлука...

Continue reading

mrezi

Ниту многуте запленети мрежи не ги спречуваат рибокрадците

Post Views: 1 Езерската полиција исклучително активна во изминатава година. Со бројка од 1440 запленети рибарски мрежи, 355 килограми на разни видови на риба, 82 жили и 388 блинкери причини и за задоволство, но и сериозна загриженост. Осумте покренати кривични пријави се чини не се доволно. Секоја наредна година повторно и повторно се случуваат кражби на рибниот фонд и оштетување на ендемските видови. Ако се пресмета километражата на запленетите мрежи неколкукратно би се обиколило Охридското езеро, а успешните заплени се чини не го даваат посакуваниот ефект. „Во континуитет се соочуваме...

Continue reading

konferencija

Што ќе добиеме со „Договорот за дримскиот басен“?

Post Views: 4 После неколку годишни активносто за лобирање и еколошка дипломатија, во Тирана конечно министрите на надлежните министерства од петте држави кои го делат дримскиот басен (Македонија, Грција, Косово, Србија и Црна Гора),  потпиша договорот за Дримскиот басен. Овој договор е силна рамка која што во иднина ќе ги постави аргументите околу управување со дримскиот басен, а од кои активности трпат позитивни или негативни последици и езерата кои се наоѓаат во басенот, меѓу кои се и Охридското и Преспанското. „По потпишувањето на договорот донаторската заедница излезе со два...

Continue reading

elektronski otpad

Со бројни проекти се подига еколошката свест

Post Views: 6 Промовирање на сунеѓерот како ендемичен вид кој живее во Охридското езеро, планинскиот чај,  собирање на стара хартија, електорнски отпад, чистење на Охридското езеро од градежен шут, собирање на отпадно масло од домаќинставата  се дел од реализираните активности  на одделението  за заштита на животната  средина при Локалната самоуправа.  Во одобројување на деновите од оваа календарска година тие се задоволни од планираните и реализираните проекти. Со буџет од  3 милиони денари годинава успеаа да спроведат низа акции и да ги одбележат сите позначајни датуми поврзани...

Continue reading

Crn Drim

Ќе се потпише меморандум според кој ќе се испушта езерото преку Црн Дрим

Post Views: 1 Осцилациите на нивото на охридското езеро се поизразени. Тие се природна појава, но загрижува фактот што од година во година стануваат се подраматични. „Причина за тоа се климатските промени, но не смееме да го минимизираме ни човекот како фактор“, вели претстевникот на одделението за управување со басенот на реката Црн Дрим, Дејан Пановски. „ Она што е важно е тоа дека нивото на Охридксото езеро е зависно од управувањето со басенот со реката Црн Дрим. Поради тоа влеговме во нова фаза, нов процес викан Дримски Дијалог и нова процедура на работа со управувањето на реката...

Continue reading

povleceno

Значително намалено нивото на Охридското езеро

Post Views: 3 Деновиве охриѓани сведоци на драстично намалување на нивото на водата во езерото. Портпаролот на Електрани на Македонија, Димче Котевски, во телефонски разговор не информира дека ваквата состојба е реузлтат на сушниот период кој трае речиси половина година. Тој негира дека причина е испуштањето на водата за енергетските потреби и додава дека испуштањето на водата се прави според потребите на системот. Падот на вредностите на котите е вообичаен за вакви временски услови, обајснува Котески. Но, експертите од Хидробиолошкиот завод не се согласуваат. „Доколку се продолжи...

Continue reading

ribari

Бела книга со црни мисли

Post Views: 14 Објавена риболовната основа за Охридското од страна на Хидробиолошкиот Завод. Со неа предвидено е 6 годишна забрана за лов на другите видови риба, покрај пастрмката. Охридските риболовци ова не го очекувале и се чуствуваат омаловажени. Речната пастрмка оставена на милост и немилост на рибокрадците. Изгубена е тригодишната битка на охридските рибари со Хидробиолошки завод. Спортските риболовци се пожалаа дека научната стратегија на заводот за 6 годишна забрана на спортскиот риболов на Охридското езеро, е погрешна. Според нив, риболовната основа за Охридското езеро, која...

Continue reading

nurkac

Авантура која мора да се доживее

Post Views: 23 Апетитите на современиот турист од сезона во сезона растат. Затоа и туристичката понуда мора да го следи чекорот, со од час во час менливата туристичка побарувачка. Мал е бројот на туристите, посебно оние странските, кои бараат само плажа и сонце. Годиниве побарувачката е ориентирана кон таканаречениот активен одмор во кој максимално ќе бидат ангажирани. Нуркањето пак претставува можеби една од најатрактивните содржини кога станува збор за активниот одмор во летниот период. Нуркачкиот туризам во вистинска смисла на зборот, кај нас може да се доживее преку НЦ „Амфора“...

Continue reading

kajak

Ќе дојде ли светската кајакарска елита во Охрид?

Post Views: 12 Ќе ги видиме ли најдобрите евроски и светски кајакари во водите на Охридското езеро? Иницирано од минатогодишниот спортски подвиг кога Ристе Чуркоски со својок кајак го заобиколи Охридското езеро, се роди идејата за организација на кајак маратон во водите на езерото. Но, до реализација на првичниот проект од минатата година не дојде, а за тоа секако најголема причина е проблемот со обезбедување финансиски средства. Ристе Чуркоски пак, кој е и претседател на О.О на маратонот вели дека од намерата не се откажуваат. Иако со мало задоцнување, кајак маратон ќе има. „Оваа...

Continue reading

spomenik

Одбележана двегодишнината од бродската несреќа

Post Views: 12 Со панихида во чест на жртвите чии животи згаснаа при потонувањето на бродот “Илинден” денеска во Охрид се одбележаа две години од најголемата бродска несреќа на Охридското езеро. Сончевото летно утро и мирното езеро охриѓани и гостите од Бугарија во целот ги потсети на кобниот 5 ти септември 2009 год. кога во Охридското езеро се удавија 15 бугарски туристи. Пред спомен одбележјето на градскиот кеј, свежо цвеќе положија делегации на општина Охрид и амбасада на Р. Бугарија. „ И следните години ние на 5 ти септември ќе доаѓаме тука. Многу сме и благодарни на општина Охрид...

Continue reading

zelka od kamen

Пронајден камен-желка кај кампот Љубаништа

Post Views: 3 Интересно откритие на само еден километар воден пат од летниот камп Љубаништа. На самото крајбрежје низ густата вегетација срамежливо ѕирка карпа во форма на желка. Живописната карпа е природна формација и многу брзо ви го привлекува вниманието. Се чини и природата застанува на наша страна во обид да се привлечат што повеќе туристи. Па кога тешко успеваме да ги привлечеме туристите на други начини, зошто да не се обидеме и вака? Карпата се наоѓа покрај фреквентните води на Охридското езеро кои често ги минуваат бродовите кои носат туристи до туристичките населби. Лесно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top