Post Views: 1
На Охридското крајбрежје се нудат сместувачки капацитети од најразлични категории. Во податоците со кои располага секторот за туризам и локален економски развој се евидентирани 1833 објекти за приватно сместување од мал обем. Според категоризацијата на објектите, се нудат апартмани со висок комфор, но и просечни соби. Апартманите со 4 ѕвезди, најмногу ги има 107 во старото градско јадро и 41 во Лагадин. Веднаш потоа доѓаат високо комфорните апартмани во Рача, 10, и само 6 во Пештани. Од понудените објекти, сепак на крајбрежјето најмногу се нудат соби со една...
Post Views: 2
Продолжува проектот за чистење на Охридското езеро од неексплодирани убојни средства. Акцијата која ќе се спроведува околу 30 дена, е продолжение на минатогодишната со која од водите на Охридското езеро беа извадени над 7 тони неексплодирани убојни средства, од балканските војни поточно од првата и втората светска војна.
„И годинава по налог на Владата на Р Македонија ќе се изврши целосно прочистување на езерото од овие неексплодирани убојни средства. Минатата година беа извадени околу 7,3 тони нееексплодирани средства кои се отстранети околу езерската полиција, пештани,...
Post Views: 1
Цркавата Канео и Охридското езеро за прв пат се најдоа на насловната страница на познатиот интернет пребарувач Bing.
Сите интернет корисници во светот кои ќе го посетат Bing ќе ја видат прекрасната фотографија од охридската црква Св. Јован Канео, а во нејзината позадина се гледа едно од најубавите езера во светот.
И не само тоа. Кликнете на линкот погоре а потоа на насловната на Bing прошетајте со курсорот. Сликата вреди илјада зборови но за секој случај модераторите на пребарувачот решиле да стават и текстуални објаснувања. На самата фотографија има тагови кои линкираат...
Post Views: 6
Фрлањето на буриња со вино во водите на Охридското езеро дел од одбележувањето на големиот христијански празник Св. Јован Крстител. Оваа традиција од година во година прераснува во врвен настан не само кај нас туку и пошироко. Триесет литарското буре кое падна во рацете на годинешниот ксметлија Иван тасески, ќе му донесе 10 000 денари, а ќе се испие за 5 минути.Евроамбасадорот Ерван Фуере и годинава дел од тајфата на скокачите по бурињата со вино. Како и секогаш неговите импресии се повеќе од позитивни.Тој верува дека Охрид со оваа манифестација е чекор понапред од...
Post Views: 1
Дваесет и едногодишниот Јован Делов денес беше најсреќниот Охриѓанец. Тој од водите на езерото го извади светиот крст, кој од бродот „Галеб“ го фрли владиката на Дебарско-Кичевската епархија, Тимотеј. Делов изјави дека се чувствува неверојатно и дека му посакува на секој од оние кои скокаат во водите на езерото да го доживее истото чувство. Видно возбуден Јован кажа дека седмиот обид за да го фати светиот крст, за него бил успешен.
Манифестацијата започна во 9 часот со културно – уметничка програма и незаменливата топла ракија, која бесплатно се делеше на повеќе...
Post Views: 1
Светилникот на Охридското пристаниште веќе неколку дена не функционира. Проблемите со електрониката ги натерале од Охридската капетанија светилникот да го стават надвор од функција. Во меѓувреме пловните објекти во нашето езеро се снаоѓаат кој како знае.
Стапивме во контакт со Љупчо Настоски-капетанот на Охридската капетанија кој не информираше за проблемот. „ Светилникот се сервисира веќе три-четири дена. Имаше проблеми со електрониката но тие проблеми би требало да бидат отстранети најкасно до задутре и светилникот ќе биде ставен во функција“-рече капетанот на Охридската...
Post Views: 2
По распишаниот оглас за изработка на Студија за заштита на блатото од страна на општина Охрид, подготвена е Нацрт Интегрирана студија за состојбата со остатокот на Студенчишкото Блато и мерки за негова ревитализација. Предметот за заштита на студенчишкото блато е предмет кој се работи неколку години наназад и е еден од приоритетите за заштита на целокупниот слив за заштита на Охридското езеро, кој е утврден во билатеријалниот секретаријат за заштита на Охридското езеро. „Компонентата студенчишко блато е многу важна не само за живиот свет кој живее во него, туку и за...
Post Views: 9
Австралија ќе помага во решавањето на проблемите со Охридското Езеро. Станува збор за појавата на евентуален недостаток на кислород во долните слоеви од езерото. Заедничката соработка беше договорена при посетата на австралиската амбасадорка Хелена Студерт на Хидробиолошкиот институт од Охрид. На ваков начин се отвораат нови можности за соработка со сродни светски институти, вели Зоран Спирковски, раководител на Одделот за применето рибарство и аквакултура. За таа цел остварен е и контакт со професорот Јорк Инбергер од Научниот истражувачки центар во Западна Австралија. ...
Post Views: 2
„Срцето му беше разнежено како песна, душата опиена како мирисна пољана, а разумот исполнет со свети слики“. Преку оваа карактеризација на главниот лик од новелата „Чувства без наслов“, советникот за култура Митре Вељаноски ја опиша личноста на доајенот на охридското новинарство, Никола Маневски. Вељаноски додаде дека преку ова негово дело имаме можност да се запознаеме со сета големина на личноста на Маневски.
Вељаноски потенцира дека станува збор за личност, поет, хуманист и филозоф. Личност која секогаш се спротивствауваше на малограѓанштината и политиканството, кое...
Post Views: 10
Делегација на кинескиот град Далиан, денес го посети Охрид. Оваа посета е резултат на посетата на градоначалникот Петрески, кој пред неколку години присуствуваше на Конференцијата на градовите збратимени со Далиан. Петрески убеден дека брзиот стопански развој кој Далиан и цела Кина го направи, ќе можеме и ние да го направиме овде, во Охрид, со помош на збратимениот кинески град.
„Во целокупното стопанство, тргнувајќи од туризмот каде што како што кажав доволно е администрацијата на Далиан да не посети и сите капацитети да ги пополни. Покрај туризмот разговаравме и...
Post Views: 1
Охридското езеро продолжува на своите брегови да исфрла експлозивни направи. Денес, случаен минувач забележал сандак полн со експлозивни средства. Подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување од Охрид, е носител на акцијата за безбедно складирање и уништување на истите. Раководителот на единицата Васа Стефкоска информира дека станува збор за околу 40 експлозивни направи, од кои 36 се против пешадиски распрскувачки мини, 3 рачни бомби со дрвена рачка и 4 запалки за бомби со дрвена рачка. Според Стефкоска, експлозивните материјали потекнуваат од првата светска...
Post Views: 13
Туристите и граѓаните на Охрид кои денеска шетаа на кејот на Охридското Езеро, на само пет метри од брегот, можеа да забележат неексплодирана рачна граната, најверојатно, од Втората светска војна.
Се работи за рачна граната која се наоѓа на длабочина од околу половина метар од десната страна на рекреативниот мост пред хотелот Палас. Се очекува надлежните служби и експерти пиротехничари да ја отстранат бомбата, која е потенцијална опасност за околината.
Се претпоставува дека гранатата на ова место во Охридското Езеро пред два дена, за време на невремето, ја донеле силните...