Ознака: охридското

ribolov

Се бара најдобар начин како да се спаси рибниот фонд

Post Views: 6 Охридската  пастрмка продолжува нелегално да се лови,  ја има во рестораните од двете страни на езерото, и на албанска и на македонска страна. Ендемичниот вид и понатака е ставен на немилосрдно ловење и истребување. И по 6 години од донесената  забрана за нејзиното ловење нема подобрување во заштитата на рибниот фонд. Спортските риболовци алармираат дека ситуацијата со рибниот фонд е критична. Радован Димитриески прет. СРД Св Апостол Павле посочува  дека и покрај забраната  езерската полиција оваа година запленила само 1600 м мрежа и поднела 5 кривични пријави. Албанскиот...

Continue reading

katalog

Со нов каталог ќе се привлекуваат германски туристи

Post Views: 4 Нов каталог за германските туристи. Промотивниот материјал, кој на 80 страници, преку слика и текст, ќе раскажува за убавините на Македонија, е дело на долгогодишен туристички работник од Германија, кој потекнува од Охридско. „Гледајќи како другите земји се борат за повеќе туристи, одлучив да направам каталог под наслов „Македонско сонце, одмор на Охридското Езеро“, вели авторот на каталогот Климент Китаноски. Китаноски открива дека Македонија како туристичка дестинација воопшто не им е позната на Германците. „ Ако една дестинација не е позната не можеме да најдеме...

Continue reading

kamp Eleshec

Разочарувачки 4-та и 5-та категорија

Post Views: 9 Застрашувачки резултати од испитувањето на езерската вода. Според анализите на Центарот за јавно здравје, водата, во добар дел од автокамповите на охридското крајбрежје, континуирано со квалитет од 4-та и 5-та категорија. Пред резултатите од ваквите анализи не треба да се молчи, туку треба да се изнајде начин под итно да се делува, вели раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски. Тој кажа дека од нивна страна писмено било известено ресорното министерство, а проблемот го гледа во дотраените и стари прочистителни станици. Танасоски потенцира дека ваквите...

Continue reading

emo

Кој е виновен?

Post Views: 1 „Дојде време охриѓани да ја слушнат вистината“. Вака денес се обрати претседателот на ОО на СДСМ Охрид Науме Јованоски. Ова произлегува како одговор на неодамнешниот прес на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, кој беше на тема „Пропаста на охридското стопанство и  главниот виновник за тоа“. Јованоски во контекс на тоа рече дека добро е познато кој ја закопа „Охридска трговија“ и кој остави на улица 2000 вработени, детето галениче на ВМРО – ДПМНЕ, Ламбе Арнаудов. Градоначалникот Александар Петрески, како дирекно повикан од претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Атанаско Михаилов, му порача да...

Continue reading

Ohridsko ezero

Органска закана за Охридското езеро

Post Views: 19 Домашните и странските експерти, ќе го спасуваат Охридското езеро од органското загадување.Ќе се обидат да ја зачувуваата ендемичната фауна и флора во езерото и да и помогнат на природата сама да се избори со наметнатото зголемено нутриентно оптертување, кое е резултат на голобалните климатски промени.Нутриентото оптеретување  се заканува да го уништи живиот свет во Охридското езеро. На семинарот кој се одржа во ЈНУ Хидробилошки завод од Охрид, се одржа семинар на кој стана збор за биолошката продуктивност  на едно езеро кое особено зависи од хидродинамичкиот транспорт...

Continue reading

Подморници во Охридското Езеро

Post Views: 2 Хотелиерите пак, влегуваат во заедничка проекција за набавка на класична подморница, која би била во интерес на туризмот.Мини подморница за научно истражувачки цели. Охридското Езеро во целост не е испитано. Според научните работници од Хидробиолошки завод, езерото, сеуште има неиспитани длабочини кои кријат нови податоци за многу работи. Затоа, оваа институција, во рамките на тендерот за набавка на опрема на институции и факултети, кој неодамна го распишала Владата на Р. Македонија, го ставила и овој уред. Раководителот на одделението за практично рибарство Спиркоски,...

Continue reading

Охридското езеро без посебна крајбрежна стража.

Post Views: 0 Во такви ситуации би требало брзо да се интервенира за да пружи помош, укажуваат охридските кајчари и сопственици на мали бродови. Сопственикот на брод, Стефан Чекреџи вели иако проблеми со бродчето или невреме немал лично, сепак, има ситуации кога чамци  изнајмуваат гости кои  не се вешти во ракување со нив, а не го познаваат доволно езерото.  Сопствениците на пловните објекти сметаат дека е потребна ваква крајбрежна стража која ќе се грижи за безбедноста при пловењето. Капетанот во Охридската капетанија, Љупчо Настоски признава дека на нашето езеро посебна крајбрежна...

Continue reading

25 илјади парчиња јагула завршија во Охридското езеро.

Post Views: 0 Охридското Езеро ќе биде порибено со околу 25 илјади парчиња јагула, со просечна тежина од 32 грама. Со овој начин на порибување, јагулата е се по присутна во езерските води, кажува Димитар Талески стручен соработник од  институтот за сточарство,РЕ Мрестилиште Шум. Практиката на порибување на Охридското Езеро со јагула е воведена во 70-тите години на минатиот век и трае  цели 4 децении. Поради изградбата на хидроцентралите на реката Црн Дрим, беше физички спречен природниот пат на јагулата од езерото да се мрести во Сарагасово  море. Оттогаш езерото вештачки се порибува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top