Кој е виновен?

Двете поголеми политички опции ОК ВМРО – ДПМНЕ и ОО на СДСМ Охрид, деновиве во трка на докажување. Се кршат копја на сметка на работничката класа, кој повеќе му наштетил на народот за време на транзициониот период на земјава.

 |  Билјана Николовска  | 
emo
emo

emo„Дојде време охриѓани да ја слушнат вистината“. Вака денес се обрати претседателот на ОО на СДСМ Охрид Науме Јованоски. Ова произлегува како одговор на неодамнешниот прес на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, кој беше на тема „Пропаста на охридското стопанство и  главниот виновник за тоа“. Јованоски во контекс на тоа рече дека добро е познато кој ја закопа „Охридска трговија“ и кој остави на улица 2000 вработени, детето галениче на ВМРО – ДПМНЕ, Ламбе Арнаудов.
Градоначалникот Александар Петрески, како дирекно повикан од претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Атанаско Михаилов, му порача да ги согледа фактите. Пред се Петрески тука го спомна времето на неговото директорување во ЕМО кога од плата можело да се купи и куќа и стан и да се подмират животните побарувачки.
Петрески ги повика државните инспекциски служби да ја контролираат моменталната состојба во ЕМО, и да му поднесат рапорт. Градоначалникот смета дека доколку се продолжи со вакво менаџирање како досега со ЕМО, оваа фабрика ќе дојде на питачки стап и нема да постои.
Очигледно, натегањата од типот кој колку и на каков начин го уништил охридското стопанство, на никого не му одат во прилог, најмалку на работничката класа која во дваесетгодишниот транзициски период остана на улица.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top