Tag: охридското

Повторно автомобил во Охридското езеро

Уште една интересна атракција за оваа туристичка сезона во нашиот Охрид. Во рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од педалинка, со маска на популарната фолксваген БУБА, во водите на Охридското езеро кај Горица прва.

Continue reading

Марко по трет пат го преплива Охридското езеро

15-годишниот Марко Пејчиновски вчера направи уште еден подвиг, откако одново ја исплива делницата Охрид-Св. Наум-Охрид. Ова беше уште еден подвиг за Марко кој го започна во 05:08 часот. Ова пливање го посветувам на мојата мајка, напиша Пејчиновски на својот фејсбук профил. Инаку, Марко пред три години го преплива езерото и со 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид.

Continue reading

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАЦРТ СТУДИЈАТА ЗА РЕВАЛОРИЗАЦИЈА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

Студијата се изработува од страна на Меѓународната Унија за Заштита на Природа IUCN ECARO како дел од активностите за донесување на Законот за ре-прoгласување на Охридско Езеро како Споменик на природата. На состанокот покрај претставниците на Меѓународната унија за заштита на природа (IUCN ECARO), Програмата на ООН за животна средина (UNEP), Министерството за животна средина и просторно планирање беа присутни и градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, градоначаникот на Општина Струга, Размиз Мерко и градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески. На состанокот се дискутираше...

Continue reading

Излеана штетна течност по Охридското Езеро

Непозната течност формира маслена дамка во Охридското Езеро на градскиот кеј на потегот пред Ројал вју кон Милениум. Екологистите бараат расветлување на случајот и да се отстранат пловните објекти кои го загадуваат езерото. Охрид на црна листа на УНЕСКО, а езерото станува претесно за пловните објекти кои загадуваат, алармираат екологистите. Маслена дамка во езерото на градскиот кеј на потегот пред Ројал вју кон Милениум беше забележана викендов од страна на граѓанин. Михајло Наумоски, кој секојдневно го користи езерото за рекреација вели дека е револтиран бидејќи досега не забележал такво нешто,...

Continue reading

Лебеди на брегот на Охридското езеро

Прекрасна глетка на брегот на Охридското езеро. Охридска фамилија лебеди, симбол за раскошна убавина и љубов. Лебедите се симбол за раскошна убавина и симбол за љубов. Наш сограѓанин ни испрати фотографија од охридска фамилија лебеди кои се украс на Охридското езеро. Мајка и татко лебеди со нивните малечки уживаат во водите за езерото. Погледнете ги само колку се прекрасни !    

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ И ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ВО ПОСЕТА НА ОХРИДСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ

Градоначалникот Константин Георгиески заедно со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев направија увид на дел од охридското крајбрежје каде што Општина Охрид во текот на изминатиот период спроведуваше активности за отстранување на бесправните објекти по што беше извршено уредување и подготовка на плажите во пресрет на туристичката сезона. Градоначалникот Гергиески упати благодарност до премиерот Заев за поддршката во целокупниот процес и за тоа што и покрај преполната агенда во рамки на значајниот меѓународен форум кој деновиве се одржува во Охрид, издвои време, лично да ги види резултатите...

Continue reading

„Охридското срце“ на Градскиот плоштад во Охрид

Денес во „Ти си твојот град“ ни пристигнаа прекрасни слики од срцето кое се наоѓа на Градскиот плоштад во Охрид. Иако во текот на изминатите денови за рубриката „Ти си твојот град“ пристигнуваа слики со кои граѓаните на Охрид, но и жителите на околните места ги посочуваа лошите практики, како расфрлан отпад на јавни површини, несредени приватни површини кои се наоѓаат во центарот на Охрид, а се обраснати со трева и трња, елитни населби оставени во лоша состојбаи слично, денес наш сограѓанин ни ја покажува и убавата страна на Охрид. На неговите слики остави и коментар: „Охридското срце на Св.Наум...

Continue reading

Георгиески, Мерко и Џаколи во Поградец го одбележаа Денот на Охридското езеро

Планот за управување со Охридскиот регион, дивоградбите, еколошките проблеми и туризмот беа главни теми на кои дискутираат челниците на Охрид, Струга и Поградец. Планот за управување со Охридскиот регион, дивоградбите и еколошките проблеми беше една од темите на која тројцата градоначалници на општините Охрид, Струга и Поградец денес разговараа во рмамките на одбележувањето на Денот на Охридското езеро. На средбата, која годинава се одржа  во Поградец се разговараше и за тековната соработка, но и   заеднички туристички пакет „Две земји, три градови една турисстичка дестинација“. Според охридскиот...

Continue reading

„САКАЈ ГО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО- ЕДИНСТВЕНО Е ВО СВЕТОТ“ ПРОЕКТ ЗА ЧИСТИ ЕКОЛОШКИ ПЛАЖИ

Во рамките на проектот „Сакај го Охридското Eзеро-единствено е во светот“ имплементиран од невладината организација „Нова Порта“ во рамки на Годишната програма за заштита на животната средина и природата на Општина Охрид, изминативе два месеци беа реализирани бројни активности за подигнување на еколошката свест. Во рамките на проектот „Сакај го Охридското Eзеро-единствено е во светот“ имплементиран од невладината организација „Нова Порта“ во рамки на Годишната програма за заштита на животната средина и природата на Општина Охрид, изминативе два месеци беа реализирани бројни активности за подигнување...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top